Свет
СЗО почнува специјална седница за борба против пандемијата
СЗО започнува долго планирана специјална седница на која земјите членки ќе разговараат за начините за зајакнување на глобалната борба против пандемии како што е коронавирусот.
Состанокот доаѓа во многу чувствително време, кога нова варијанта на омикрон предизвикува непосредна загриженост ширум светот.
Нацрт-резолуцијата донесена за време на викендот ќе им биде претставена на министрите за здравство на тридневното специјално собрание на СЗО, наведоа дипломати.
Обединетото Кралство, заедно со ЕУ и околу 70 други земји, се залагаше за правно обврзувачки договор. САД, со поддршка на некои земји, вклучително и Бразил и Индија, не сакаа да се согласат на обврзувачки договор, велат дипломатите.
Договорот би значел правно обврзувачки договор кој би барал ратификација и најверојатно би предизвикал внатрешнополитички судири во некои земји.
Британскиот амбасадор во Женева, Сајмон Менли, на Твитер објави копија од нацрт-текстот договорен со консензус, како што налагаат правилата на СЗО за такви прашања и ги пофали Чиле и Австралија за нивната работа како копретседавачи.
„Варијантата омикрон уште еднаш покажува зошто ни треба заедничко разбирање за тоа како да се подготвиме за пандемии и како да реагираме на нив, за сите да играме по исти правила“, напиша тој.
Нацртот не го споменува зборот „договор“, но, меѓу другото, повикува на создавање меѓувладино преговарачко тело меѓу земјите членки на СЗО за да се изработи можен договор за подобрување на превенцијата, подготвеноста и одговорот на пандемијата.
Тридневниот, главно виртуелен состанок што почнува денеска се однесува на долгорочен пристап: веројатно ќе бидат потребни многу месеци, ако не и години, за да се склучи и стапи во сила секој договор поддржан од ОН, наведува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија ги повлекува војниците од Нагорно Карабах
Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, потврдија официјални лица од двете земји.
Руските мировници се таму од крајот на ерменско-азербејџанската војна во 2020 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди извештаите за повлекувањето пред новинарите, но не даде детали.
Веста за повлекувањето ја потврди и азербејџанскиот министер за надворешни работи Хикмет Хаџиев, додавајќи дека двете земји се договориле за тоа.
Хаџиев не објасни зошто војниците се повлекуваат, но се чини дека нивното присуство е излишно откако Азербејџан ја врати целосната контрола врз регионот минатата година.
Во првата половина на 1990-тите, Нагорно-Карабах беше во фокусот на меѓуетничката војна по распадот на Советскиот Сојуз, во која и Ерменија и Азербејџан беа федерални единици.
Тој регион тогаш беше под целосна контрола на бунтовничките Ерменци до војната во 2020 година, кога Азербејџан ја врати контролата врз некои од неговите делови. Таа војна заврши со прекин на огнот и распоредување на 2.000 руски војници во деловите на Нагорно-Карабах кои останаа под ерменска контрола.
Свет
Стопирани сите летови на „Алјаска ерлајнс“ во САД
Американската федерална управа за авијација (ФАА) денеска издаде препорака за стопирање на летовите на „Алјаска ерлајнс“, пишува „Ројтерс“.
Не е наведена причината за приземјувањето.
„Си-ен-би-ес“ објави дека системот на авиокомпанијата што се користи за сметање на тежината и рамнотежата за летови не работи правилно.
Алјаска ерлајнс и ФАА не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Како одговор на поплаките од патниците на социјалната мрежа „Икс“, авиокомпанијата соопшти дека работи на тоа што поскоро да ги внесе патниците во авионот.
Свет
Нетанјаху им порача на Велика Британија и на Германија: Израел сам ќе донесе свои одлуки
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел сам ќе донесе одлуки.
„Сите тие имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно – ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки, а израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани“, рече Нетанјаху по состанокот со британските министри за надворешни работи и Германија, пишува Гардијан.
Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Џејмс Камерон изјави дека дошол на состанокот за да се солидаризира со Израел, но и дека се надева дека неговиот одговор на иранскиот напад ќе биде „паметен и што е можно поограничен“, пренесе Би-Би-Си.