Свет
СЗО: Регистриран најголем број на новозаразени на неделно ниво

Повеќе од четири милиони луѓе во светот се заразени со коронавирус во изминатите седум дена, што е највисока бројка за период од една недела, објави СЗО.
Светската здравствена организација посочи дека 4.060.891 лице биле заразени со коронавирус минатата недела и дека во истиот период починале 67.221 пациент, пренесува „Тасс“.
Една недела претходно, потврдени беа 3.977.223 нови случаи на заболување и 59.699 смртни случаи.
Тренд на опаѓање на бројот на нови инфекции е забележан во Европа и Југоисточна Азија, додека ширењето на вирусот е зголемено во Северна и Јужна Америка, со зголемување и на бројот на смртни случаи од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Инфлуенсерка обвинета за поттикнување на самоубиство преку „Тик-ток“

Италијанската полиција покрена обвиненија за поттикнување самоубиство против 46-годишна инфлуенсерка, по потекло од сицилијанскиот град Сиракуза, пишува интернет-весникот „Фанпејџ“.
Полицијата одговорила откако жената објавила видео на социјалната мрежа „Тик-ток“ во кое таа и уште едно лице ги „предизвикале“ корисниците да ги покријат носот и устата со самолеплива лента, како што направиле и тие двајцата, и со тоа да спречат да дишат па да видат кој може да издржи подолго.
Полицијата оцени дека овој потег е крајно опасен затоа што е достапен на најшироката публика, вклучително и за малолетници кои се големи корисници на мрежата „Тик-ток“.
Во една порака, малолетно момче му кажува на инфлуенсерот дека е подготвен да се фрли низ балконот ако таа го поздрави лично.
Јавното мислење во Италија минатата недела беше шокирано од смртта на десетгодишно девојче од Неапол, кое, учествувајќи во сличен „предизвик“, почина.
Откако полицијата изврши претрес во станот и го одзеде компјутерот на инфлуенсерката, откриени се десетици слични видеопредизвици, кои на жената и овозможија онлајн публика од 750.000 луѓе.
Европа
Поради недoстигот на вакцини германскиот министер за здравство најави десет тешки недели

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, предвидува дека недостигот на вакцини против коронавирус ќе трае до април.
„Претпоставуваме дека недостигот на вакцини ќе трае најмалку уште десет тешки недели“, рече Шпан.
Тој препорача состанок на претставниците на сојузната и покраинските власти со претставници на производителите на вакцини за да се договорат за целите и понатамошните чекори во процесот на вакцинација во Германија.
Во моментов има проблеми со испораката на вакцини од „Фајзер“/ „Бионтек“, но и вакцините од „Астразенека“.
Министерот Шпан моментно е на удар на критики поради тоа што вакцинирањето во Германија не се одвива со посакуваната динамика.
Дневникот „Билд“ недостигот на вакцини го оцени како „скандалозен“ и како главен виновник го наведе Шпан, кој е обвинет од јавноста за правење погрешни тактики при набавката на вакцини.
Строги мерки на затворање се на сила во Германија до средината на февруари. Денеска Институтот „Роберт Кох“ забележа 17.553 нови случаи, околу 3.000 помалку во споредба со една недела претходно.
Германија се подготвува да воведе ограничувања за патниците од Велика Британија, Бразил и Јужна Африка, најави министерот за внатрешни работи, во ситуација кога расте загриженоста поради новите видови на вирусот кои се позаразни.
Свет
(Видео) Јапонците вежбаат процес на вакцинација против коронавирус

Додека чекаат да пристигне вакцината, јапонското Министерство за здравство и еден град во близина на Токио заеднички спровеле вежба за вакцинација против новиот коронавирус.
Судиите за вежби, одржани во Кавасаки, во префектурата Канагава, утврдиле протокол за вакцинација и провериле колку луѓе можат да примат вакцина за еден час, како и дали има области каде што луѓето доаѓаат премногу блиску едни до други, што го зголемува ризикот од инфекција.
Министерството ќе ги пренесе информациите и знаењето стекнато за време на обуката на локалните власти во Јапонија за да се обезбеди непречено спроведување на вакцинацијата.
Во вежбите во Кавасаки учествувале 24 лица, вклучувајќи лекари и медицински сестри.
Уште 20-ина луѓе глумеле дека примаат вакцина за таа пригода. На почетокот бил проверен нивниот идентитет и тие пополниле медицински прашалник, а потоа ја потврдиле постапката за вакцинација откако лекарите ја провериле нивната здравствена состојба и им било кажано да почекаат околу 15 минути за понатамошни набљудувања по таа лажна вакцинација.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома