Свет
СЗО: Трета недела по ред опаѓа бројот на заболени од коронавирус во светот
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека бројот на нови случаи на коронавирус се намалува на глобално ниво трета недела по ред.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, оцени дека новиот тренд покажува дека е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови видови, со примена на мерки, како физичко дистанцирање, покривање на лицето и одржување на хигиената.
Сепак, Тедрос истакна дека светот веќе бил во слична ситуација и посочи дека не е време за опуштање.
„Во текот на изминатата година имаше моменти во речиси сите земји каде што бројот на регистрирани случаи се намали. Мерките на претпазливост беа релаксирани, а потоа вирусот продолжи да беснее“, потсети Тедрос.
Тој потенцира дека во моментот кога вакцинирањето се прави на глобално ниво, потребно е да се применат мерки на претпазливост што придонесуваат за безбедноста на луѓето, пренесува „Гласот на Америка“.
„Контролирањето на ширењето на вирусот придонесува за спасување животи и ги намалува шансите за појава на нови видови. Исто така, помага дејството на вакцините да биде поефикасно“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан: Европа е на работ на војна
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска изјави дека ситуацијата е опасна и дека Европа е на работ на војна.
Граѓаните на Европа мора да го кренат својот глас, во спротивно европските лидери ќе влезат во војна, рече Орбан, додавајќи дека ги гледа „истите знаци како и пред Првата светска војна“, пренесува МТИ.
Ставот на унгарската влада не е обликуван од интересите на другите, рече Орбан, додавајќи дека се води од интересите на Унгарија и ќе ги промовира само тие интереси, дури и ако тие не се совпаѓаат со интересите на другите.
Тој повика на „искрени и длабоки разговори“, но додаде дека медиумите финансирани од странство не се суверени и не треба да се водат дискусии со нив. Орбан исто така рече дека има многу левичари со кои може да соработува околу важноста на мирот и ги повика Унгарците кои го сакаат мирот да се приклучат.
Во врска со војната во Украина, Орбан оцени дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени за мир и дека е потребно влијание од големите сили за преговори. Според него, Украина повеќе не е суверена и преживува благодарение на западната помош.
Свет
(Видео) Крадци со пиштоли и секири се обиделе да ја ограбат продавницата на Шанел во Париз
Крадци вооружени со пушки и секири денеска околу пладне се обидоа да ја ограбат продавницата „Шанел“ на авенијата Монтењ во Париз, една од најпрестижните улици во француската престолнина, каде што се концентрирани најголемите луксузни брендови.
Сторителите носеле шлемови и полициски ленти обидувајќи се да ги измамат или заплашат вработените и користеле скутери за да упаднат во продавницата.
Сепак,обезбедувањето успеало да ја спушти безбедносната врата, принудувајќи ги крадците да се откажат од својот план и да избегаат. Полицијата сè уште ги бара.
🔴🇫🇷 FLASH INFO – Paris : quatre individus ont tenté de braquer la boutique Chanel avenue Montaigne ce matin. Armés et munis de faux brassards « Police », ils ont utilisé un scooter comme bélier.#Paris #Chanel #France
pic.twitter.com/h10JXKhnzu— Media Express (@media_express_e) November 15, 2025
Ноќта меѓу 1 и 2 октомври годинава, беше ограбена друга продавница на „Шанел“ во Париз. Во таа кражба, сторителите успеале да украдат луксузна кожена галантерија вредна 575.000 евра пред да побегнат. Помалку од една недела по тој настан, 32-годишен Аргентинец и 27-годишен Шпанец биле уапсени и обвинети за организирана кражба.
Свет
(Видео) Морска пена го преплави Даблин по силното невреме
По силниот ветер и обилните врнежи кои ги донесе олујата Клаудија, долж брегот на Даблин се појави необично големо количество морска пена, особено во регионот на Лохшин. Метеоролозите објаснуваат дека станува збор за природен феномен што настанува кога морската вода богата со органски материи се разбранува, а ветерот ја нанесува пената кон копното.
Sea foam in Loughshinny North Dublin today shared by a follower living there 50 years and has never seen so much before. pic.twitter.com/1fwHAtTTyD
— Carlow Weather (@CarlowWeather) November 14, 2025
Локалните жители велат дека ваква количина пена не е забележана со децении. Портокалово предупредување за дожд е во сила за Даблин и уште два окрузи, а олујата предизвика и поплави во делови од Велика Британија и Ирска. Во Леичестершир се измерени речиси 100 милиметри дожд во последните 24 часа.

