Свет
СЗО ja запре постапката за итно одобрување на „спутник В“
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е прекината постапката за итно одобрување на руската вакцина „спутник В“ бидејќи недостасува одредена количина на податоци и усогласување на законските процедури.
СЗО изрази надеж дека постојните недостатоци наскоро ќе бидат отстранети.
„Речиси секој ден работиме со руското Министерство за здравство за да ги решиме преостанатите прашања што треба да ги задоволи рускиот фонд за директни инвестиции“, рече Маријангела Симао, помошник -генерален директор на СЗО за пристап до лекови и здравствени производи, пренесуваат агенциите.
Симао потврди дека СЗО повторно ќе го отвори случајот, ќе ги процени доставените податоци и ќе продолжи со инспекциите на производствените капацитети во Русија, дури и ако досието се уште не е целосно.
„Сите поднесоци што ги имаме се обработуваат на ист начин“, рече таа, но не го наведе крајниот рок кога може да заврши процесот за одобрување на руската вакцина за внесување на списокот на дозволени за употреба против Ковид-19.
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко претходно изјави дека сите пречки за регистрирање на „спутник В“ во СЗО се отстранети и дека остануваат само неколку чекори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

