Вести
Силна експлозија во колумбиската престолнина, десетици ранети

Неколку десетици луѓе се ранети во експлозија во центарот на колумбиската престолнина Богота, пренесуваат локалните медиуми.
Загинатиот, како што изјави градоначалникот на Богота, Енрике Пенјалоса, бил полициски службени. Меѓутоа, набргу оваа изјава беше повлечена и беше објавено дека две лица се тешко повредени.
Според градските власти, ранети се најмалку 40 луѓе, од кои 28 мажи и 12 жени, од кои две лица се во критична состојба. Најмалку 20 од повредените се полицајци, пренесува агенцијата RCN.
Пенјелсоа на Twitter набрзо по посетата на местото на експлозијата објави дека ќе го свија советот за безбедност. „Терористите нема да нé заплашат. Ќе сториме сé за да ги фатиме“, порача градоначалникот.
Експлозијата одекнала во близна на арена за борба со бикови, каде што активистите за правата на животните се подготвувале да одржат протестен собир. Експлозивната направа била поставена во корпа за ѓубре, а била активирана кога поминувал полициски одред, поради што и најголемиот дел од настраданите се полицајци.
Електронското издание на дневниот весник El Colombiano објави дека се уапсени две лица во врска со експлозијата. Власите сé уште не даваа официјални коментари за инцидентот, но истражните екипи се долго време на самото месо на нападот.
Во колумбиската престолнина последните седмици се одржуваат протести на противниците на борбите со бикови коридата, кои се постојано обезбедувани од полицијата. Засега не е јасно дали експлозијата е поврзана со протестите кои ги поттикна одлуката да ја укинат забраната за одржување борби со бикови.
Протестите во Колумбија започнаа кога Уставниот суд пресуди дека борбите со бикови се дел од традицијата на оваа земја, со што овозможи да се обнови нивното организирање.
Пресудата ги разгневи активистите за правата на животните, кои при протестите се судираат со полицијата. Во јануари полицијата започна со апсења на демонстрантите и користење солзавец за да ги контролира групите коишто физички ги напаѓаа гледачите на коридите.
Според директорот на Колумбискиот ресурсен центар за анализа на судирите (Cerac), Хорхе Рестрепо, вели за BBC дека цел на нападот можеби била полицијата, при што е искористен фактот дека поради обезбедувањето на место на кое се одржува корида биле ангажирани многу полицајци. Можеби постои врска со низата напади врз полицијата во Богота во последните неколку месеци, додава./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Бодликава жица, зовриена атмоссфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот на Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот на Косово. Вработените во локалните самоуправи не можат да одат во канцелариите, а Србите и за денеска најавуваат мирен протест, пишува РТС.
Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуца, коментирајќи ја интервенцијата на КФОР на северот на Република Косово, изјави дека ризикот е поврзан со тоа што премиерот Албин Курти, одлучил да продолжи со инаугурација на градоначалници во четири општини на север и покрај протестите на Србите и сомнежите на меѓународната заедница, пишува РТС.
Тој во интервју за италијанскиот весник „Република“ вели дека ситуацијата во Звечан, како и насекаде, е крајно нестабилна и може нагло да се промени за многу краток временски период.
„Тврдоглавоста на албанските локални власти да не постапуваат во согласност со укажувањата добиени од западните партнери, укажувања кои служат за олеснување на дијалогот, особено во светло на напредокот постигнат со договорите во Брисел и Охрид, во голема мера го ослабна балансот кој го имаше“, рече Ристуца.
Работници на општина Звечан утринава дошле пред зградата во 7 часот каде во книгата за евиденција на работното време се потпишале дека се уште се присутни на своите работни места, пишува Косово онлајн.
Општинската зграда е опкружена со бодликава жица и кордон на КФОР.
Како што јавува репортерот на Косово онлајн, ноќта во Звечан поминала мирно, а таква е моменталната состојба.
Покрај општинските работници, пред бодликавата жица и металната ограда поставена од војниците на КФОР полека се собираат и други граѓани, каде денеска ќе го продолжат својот мирен протест барајќи исполнување на нивните барања.
Вести
Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четири пати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј Кличко и воените власти.
„Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Дешњан. Две деца се меѓу загинатите во областа Деснијан“, објави градската воена управа на Киев на Телеграм.
‼️ Night missile attack on Kyiv: all enemy targets destroyed. Three people died, there are injuries and damage…
▫️In several regions in the east and center of Ukraine, an air alert was announced due to the threat of missile strikes. A series of explosions rang out in Kyiv.… pic.twitter.com/bhDacMhdhE
— Lew Anno Suport #Ukraine 24/2-22 (@anno1540) June 1, 2023
Едно од убиените деца било на возраст меѓу 5 и 6 години, додека другото на возраст од 12 или 13 години, се вели во соопштението. Фотографиите објавени од воените власти покажуваат дека спасувачките тимови им помагаат на луѓето, како и оштетените згради.
Бројот на жртвите го потврди и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Last night russia again fired missiles at Kyiv. All targets were shot down by the air defense. But the remnants fell on a hospital & a residential house in Kyiv’s most populated district Desnianskyi, killing three, incl a kid aged 11, & injuring ten. russia is a death cult pic.twitter.com/9HqLljN9kX
— Olena Halushka (@OlenaHalushka) June 1, 2023
„Според првите информации добиени од спасувачките екипи, тројца загинати, меѓу кои и две деца“, објави Кличко на Телеграм, кој подоцна изјави дека во градот се случила „серија експлозии“ и дека спасувачите се на местото на настанот и помагаат. да го изгаснат огнот.
Вести
Гром уби 26-годишен Британец додека пливал на Родос, Грција, неговата девојка го снимила

Британски турист загина откако го удри гром додека неговата девојка, од плажата, го снимала како плива со СУП даска во морето во Грција, јавуваат грчките медиуми.
26-годишниот маж трагично загина денес околу пладне близу брегот во областа Агиа Агати на Родос.
47-годишен локален фудбалер, Бразилец, Вандер Мачадо, се обидел да го спаси Британецот. Во изјава за грчкиот медиум „Родиаки“ тој истакна дека штом сфатил што се случило, го фрлил мобилниот телефон и скокнал во морето со облека на себе, пливајќи да стигне до Британецот.
„Штом му се приближив, видов дека е со лицето надолу во водата и лицето му беше црно. Веднаш знаев дека секоја секунда се брои и почнав да го влечам на земја. Се плашев дека и јас ќе настрадам од истото, бидејќи сè уште врнеше. Но, не застанав. Кога го извлеков почнав да му давам прва помош, да го масирам и се друго што знаев. Човекот сè уште беше жив, му го слушав срцето и имаше пулс“, изјави Мачадо.
Неговата преплашена девојка заедно со други посетители на плажата почнала да бара помош откако забележала дека има некаков проблем, а Мачадо се нашол во близина.
„Трагедијата почна да се одвива нешто по 1:30 попладне, среде невремето кое избувна. 26-годишниот млад човек беше во морето со СУП даска (за веслање). Потоа гром падна на мало растојание од местото каде што се наоѓаше и видовме дека е повреден, удрен од громот“, изјави Мачадо за „Родиаки“.
Спасувачите пристигнале набргу и ги извршиле сите процедури за реанимација за да го одржат во живот.
„За жал, малку подоцна дознав дека не успеал“, изјави Мачадо.
Британецот бил однесен во здравствениот центар Архангелос, каде службите за итна помош ја продолжиле битката на спасувачите да го одржат жив. Избезумено се обидувале да го реанимираат, но за жал не можел да се спаси.
Во моментот на трагичната несреќа, во областа во близина на грчкиот остров имало лоши временски услови и силни грмотевици.
За инцидентот е информирано Централното пристаниште на Родос, чии службеници ќе спроведат истрага за трагичниот инцидент.