Свет
„Синофарм“: Може да биде потребна трета доза вакцина
Кинеската фармацевтска компанија „Синофарм“ објави дека по процената на резултатите од третата фаза на клиничкото испитување во странство, ќе одлучи дали и кога е потребно да се дадат три дози од оваа вакцина против коронавирусот наместо две како порано.
Регулаторите и производителите на вакцини размислуваат дали е неопходна трета доза од кинеската вакцина поради загриженост дека новите видови коронавирус може да ја ослабат заштитата создадена од вакцината развиена врз основа на постарите видови, пренесува „Ројтерс“.
Потпретседателот на филијалата на „Синофарм ЦНБГ“, Џанг Јунтао, рече дека првичните резултати покажале оти дополнителната ревакцинација може да го зголеми бројот на антитела и истовремено да ја подобри способноста на вакцината да се одбрани од мутациите на вирусот.
„Одговорот на прашањето дали е неопходна дополнителна доза и кога треба да се даде, ќе се заснова на резултатите од претстојната трета фаза на клинички испитувања“, рече Џанг.
Антителата шот ги создаваат двете дози вакцина на „Синофарм“ имаат многу добар неутрализирачки ефект врз британскиот и јужноафриканскиот вид на вирусот и врз уште неколку други, рече Џанг.
Во тек е тестирање на ефикасноста на вакцината против видовите коронавирус откриени во Бразил и Зимбабве.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

