Свет
Сирените се огласија на Хаваите по предупредувањето за цунми, луѓето со автомобили бегаат на безбедно
Новинарот Џон Летман, кој живее на Кауаи, најстариот хавајски остров, објави дека сирените за предупредување за цунами се огласиле вторпат во 16.10 часот по локално време и можеле да се слушнат на повеќе острови, вклучувајќи ги Оаху и Кауаи.
Кајл Каџихиро, доцент на Универзитетот „Хаваи-Маноа“, бил во кампусот кога го добил предупредувањето за цунами на својот мобилен телефон. Каџихиро рече дека кампусот се затвора и сообраќајот на автопатите во Хонолулу е значително густ.
На Кауаи, кратко по издаденото предупредувањето за цунами, персоналот во Националната тропска ботаничка градина ги прекина турите на својот јужен брег и ги премести сите посетители и персоналот од зоната на поплавување на повисоки места.
Денешниот силен земјотрес се рангира меѓу десетте најсилни во историјата, потврди во интервју доцентката Хелен Јанишевски од Одделот за геофизика и тектоника на Универзитетот на Хаваи за Би-би-си. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот со магнитуда од 8,8 степени го дели шестото место на листата на најсилни земјотреси некогаш регистрирани изедначувајќи се со земјотресот во Биоби во Чиле во 2010 година и оној во Есмералдас, Еквадор, во 1906 година.
Силниот земјотрес го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до четири метри, при што оштети згради и активира тревоги и евакуации во Тихиот Океан.
Неколку лица се повредени во тој оддалечен руски регион, а на населението на поголемиот дел од источниот брег на Јапонија, кое силно страдаше во катастрофалниот земјотрес и цунамито од 2011 година, му беше наредено да се евакуира.
„Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, објави гувернерот на Камчатка на „Телеграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Володин: Затворете го Би-Би-Си, со децении ни штетат, а сега се обидoa да им наштетат и на САД
Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, ја повика владата на Велика Британија да го затвори Би-Би-Си поради уредување на изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во врска со немирите во Капитол во 2021 година.
„Новинарството е пред сè факти и бројки, а клеветите и лажните вести не водат кон ништо добро. Затоа во Англија треба да го затворат Би-Би-Си и да ја распуштат оваа организација, бидејќи се обиде да им наштети на Соединетите Американски Држави. Тие ни штетат со децении“, рече Володин на пленарната седница.
Тој се осврна на нивниот деструктивен придонес кон распадот на Советскиот Сојуз, истакнувајќи дека сега се обидуваат да го сторат истото и на Соединетите Американски Држави, дискредитирајќи го претседателот.
Володин верува дека би било исправно американскиот Конгрес да им ги одземе акредитациите на новинарите на Би-Би-Си, објави ТАСС.
„Тие се шетаат таму, озборуваат, измислуваат работи за САД и нивниот избран претседател. Каде е ставот на американските конгресмени? Зошто молчат?“, праша претседателот на Државната дума.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека чувствува „обврска“ да ја тужи Би-Би-Си за злонамерно уредување на еден од неговите говори, бидејќи се приближува рокот до кој британската служба треба да одговори на неговата правна закана.
Фото: принтскрин
Свет
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг го откажа учеството на состанокот на Г20
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг го откажа учеството на самитот на Г20 на водечките индустријализирани и земји во развој, што ќе се одржи во Јужна Африка кон крајот на ноември, објави денес кинеското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението за медиумите на кинеското Министерство, кое го пренесува „Cajt“, се наведува дека Кина ќе биде претставена на самитот на Г20 во Јоханесбург од премиерот на таа земја, Ли Џијанг.
Учеството на самитот на Г20 претходно го откажаа американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, што значи дека, за прв пат од основањето на групата, шефовите на држави и влади на трите најмоќни земји од Г20 нема да учествуваат на самитот.
Како што е најавено, Русија на состанокот во Јоханесбург ќе биде претставена од заменик-шефот на претседателската администрација Максим Орешкин.
Трамп првично објави дека на самитот ќе го претставува потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс, но неодамна објави дека целосно ќе го бојкотира самитот, наведувајќи ја наводната дискриминација врз белите малцинства во Република Јужна Африка, како и внатрешната и надворешната политика на земјата.
Групата Г20 вклучува 19 земји, како и Европската Унија и Африканската Унија.
Република Јужна Африка го презеде претседателството со Г20 од Бразил во декември 2024 година и ќе биде на чело на организацијата до крајот на ноември, кога САД треба да го преземат претседателството.
Фото: принтскрин
Свет
Нордиските и балтичките земји издвојуваат 430 милиони евра за купување оружје за Украина
Министрите за одбрана на Данска, Естонија, Финска, Латвија, Литванија, Норвешка, Шведска и Исланд во заедничка изјава соопштија дека нивните земји ќе издвојат вкупно половина милион долари (430 милиони евра) за купување американско оружје за Украина.
Во заедничка изјава, која беше објавена на веб-страницата на финското Министерство за надворешни работи, по состанокот на министрите на тие земји во Хелсинки, се наведува дека министрите на осумте земји ја потврдуваат својата „посветеност на безбедноста на Украина, што е фундаментално за европската безбедност“, пренесува Укринформ.
„Обединети сме во нашата потрага по одржлив и праведен мир, со целосно почитување на суверенитетот на Украина и легитимните аспирации на нејзиниот народ“, се наведува во соопштението.
Претставниците на осумте земји се обврзаа на одржување долгорочна, предвидлива и координирана воена поддршка за Украина, вклучително и соработка во областа на одбранбената индустрија и зајакнување на способноста на Украина да одговори на идна руска агресија.
„За да ја покажеме нашата поддршка, заеднички одлучивме да придонесеме со пакет од 500 милиони долари за иницијативата „Приоритетна листа на барања на Украина“ (PURL). Оваа иницијатива обезбедува механизам за купување критична одбранбена опрема од Соединетите Американски Држави, директно придонесувајќи кон отпорноста и одбраната на Украина од руска агресија. Ова е еден од многуте начини на кои нашите нации ја поддржуваат Украина“, се вели во соопштението.
Фото: принтскрин

