Европа
Словачка сака да ја набави руската вакцина пред таа да биде одобрена во ЕУ

Словачка би можела да почне преговори за набавка на руската вакцина „спутник В“ пред таа да биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), соопштија денеска словачките власти.
Кога се во прашање земјите членки на ЕУ, „спутник В“ во моментот е одобрена само во Унгарија. ЕМА претходно месецов објави дека сè уште не добила барање за одобрување на руската вакцина за европскиот пазар, иако производителот тврди дека тоа е веќе направено.
„Вистинско време е владата да почне разговори со руската страна за набавка на ‘спутник В’“, напиша словачкиот премиер Игор Матовиќ на „Фејсбук“.
„Владата ќе разговара за ова в четврток наутро“, објасни тој додавајќи дека ја поддржува одличната вакцина со голема ефикасност.
„Засега во ЕУ ја користи само Унгарија, но не гледам зошто и ние да не ја користиме“.
Словачкиот министер за здравство, Марек Крајчи, истакна дека вакцината ќе се користи само доколку се покаже безбедна, односно дека локалните здравствени власти треба да бидат убедени оти процесот на производство е прецизен.
Чешкиот премиер Андреј Бабиш исто така рече дека неговата земја размислува да ја одобри „спутник В“, но подоцна изјави дека сепак ќе се чека одобрување од ЕМА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Потврдено присуството на бразилскиот вид на коронавирус во Велика Британија

Агенцијата за јавно здравје на Англија објави дека е потврдено присуство на бразилскиот сој на коронавирус, кај шест пациенти во Велика Британија, пренесува „Гардијан“.
Весникот наведува дека три случаи на зараза со новиот вид биле откриени во Англија и три во Шкотска.
Повеќе од 20 милиони луѓе во Велика Британија примиле барем една доза вакцина против коронавирусот, објави денеска министерот за здравство, Мет Ханкок.
„Ова е величествено достигнување за нашата земја. Вакцината е нашиот излез. Кога ќе добиете покана, вакцинирајте се“, напиша Ханкок на „Твитер“.
Европа
Чешка би можела да ја воведе „Спутник В“ и без одобрение од ЕУ

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина „Спутник В“ против коронавирус дури и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА).
Во Чешка, бројот на случаи со коронавирус се зголеми во последните неколку недели, така што таа земја сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на зараза и смртни случаи од Ковид-19.
Бабиш на 10 февруари рече дека Чесите ќе чекаат одобрување од ЕМА пред да почнат да ја користат вакцината. Исто така, Франција се очекува да и обезбеди на Чешка 100.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ до средината на март.
Европа
Британски министер: Ковид-пасошот е добар начин за закрепнување на британската економија

Министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак, денес оцени дека идејата за воведување на ковид-пасош може да биде добар начин за олеснување на економското закрепнување на Велика Британија од пандемијата.
„Тоа е комплицирано, но релевантно прашање како да се помогне за нормализирање на животот во Британија“, рече Сунак утрово во интервју за Би-Би-Си.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, минатата недела изјави дека владата ќе ги разгледа научните, моралните, филозофските и етичките аспекти на прашањето за користење сертификати за лица кои се имунизирани, што ќе придонесе за обновување на секторот за забава и услуги.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран