Свет
Советник од Белата куќа: Кинески хакери ја таргетираат изборната инфраструктура во САД
Кинеските хакери ја таргетираат изборната инфраструктура во САД, предупреди во неделата советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан, пренесува „Њујорк пост“.
„Тие би сакале претседателот да изгуби. Кина, како и Русија и Иран, се вклучи во сајбер-напади на нашата изборна инфраструктура кон веб-страниците“, изјави О’Брајан за „Фејс оф д нејшн“ на „Си-би-ен њуз“.
„Тоа е вистинска причина за загриженост“, додаде тој велејќи дека хакерите се обиделе да пристапат до владините веб-страници, како и да влијаат врз операциите, без разлика дали се наоѓаат на „Тик ток“ или на „Твитер“.
Тој рече дека претседателот Трамп стекнал непријатели со тоа што е построг кон Кина од кој било претседател во историјата.
„Без разлика дали станува збор за Кина, Русија или Иран, нема да го трпиме тоа. И ќе има сериозни последици за која било земја што се обидува да се меша во нашите слободни и фер избори. Без разлика дали нивните лидери го претпочитаат Џо Бајден или Доналд Трамп. Ние сме Американци. Нема странски држави да одлучат кој ќе биде нашиот следен претседател. Тоа е дрскост “, вети О’Брајан во првото телевизиско интервју по закрепнувањето од коронавирусот.
Во очигледна директна порака до обвинетите нации, тој повторно рече: „Не вмешувајте се во нашите избори… Не правете го тоа затоа што ќе има сериозни последици“.
О’Брајан рече дека администрацијата на Трамп јасно ѝ дала на знаење на Русија да се држи настрана од изборите и покрај извештајот од кабинетот на директорот на националната разузнавачка служба во петокот, во кој се вели дека Кремљ се обидувал да го понижи Бајден давајќи поддршка за кампањата на Трамп.
„Не остана речиси ништо за санкционирање кај Русите“, рече О’Брајан тврдејќи дека ниту една администрација не била построга кон нацијата уште од очигледното мешање на изборите во 2016 година.
„Санкциониравме куп Руси – поединци, компании, влади. Протеравме огромен број руски шпиони. Ги затворивме сите нивни конзулати на Западниот Брег. Ги затворивме дипломатските капацитети. Не останува многу што можеме да направиме со Русите“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

