Европа
Сомнежи дека рускиот опозициски лидер бил затруен во затвор

Лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, можеби бил отруен, изјави денеска докторката Анастасија Василиева, која го примила во болница.
Василиева веќе неколку години е негов лекар, а изјави дека осипот на лицето на Навални би можел да биде знак на хемиско труење, објави агенцијата АП.
Таа исто така рече дека болничарите, кои претходно известија дека се работи само за алергиска реакција кај Навални, не ги спровеле потребните тестови.
Навални од затвор, каде што издржува 30-дневна казна за нелегален протест, во неделата беше пренесен во болница.
Тој беше уапсен неколку дена по големиот протест во Москва, во кој полицијата уапси речиси 1.400 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Судар на два воза во забавен парк во Германија, повредени се најмалку 34 лица

Повеќе од 30 лица се повредени, од кои двајца потешко, откако два воза се удриле еден во друг во забавен парк во јужна Германија.
Еден воз на тобоганот пробал да закочи, а друг се судрил со него во паркот Леголанд во Гунцбург, јави германската новинска агенција dpa.
На местото на настанот се испратени три хеликоптери, а на помош биле повикани и противпожарните и спасувачките служби. Најмалку 34 лица се повредени.
Засега не е познато како дошло до несреќата.
Европа
Резников: Руските зборови не вредат ниту за хартијата на која се напишани

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, присуствуваше на донаторска конференција за Украина во Копенхаген со данскиот министер за одбрана, Мортен Боедски, и британскиот министер за одбрана, Бен Валас.
„Руските зборови и договори не вредат ниту за хартијата на која се напишани. Што да правиме? Решението е јасно. Русија победува кога ќе успее да нè раздели, кога ќе нв нападне еден по еден користејќи ги своите ресурси. Но, Русија губи и се повлекува кога ја губи иницијативата и кога напаѓа на заеднички отпор“, рече Резников.
Украинскиот министер им се заблагодари на Боедски и Валас за континуираната поддршка и го издвои американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, чија помош исто така ја цени.
Европа
Поради кризата, Британците почнаа сами да си вадат заби

Во повеќето делови на Велика Британија е тешко, па дури и невозможно да закажете состанок со стоматолог како нов пациент поради што многу Британци станаа свои стоматолози, јавува Би-би-си.
Девет од десет стоматолошки ординации повеќе не примаат нови возрасни пациенти, според истражувањето на јавниот сервис.
Осум од десет дури и не прифаќаат нови деца за пациенти, а пациентот што ќе го примат мора сам да си плати за процедурата.
Би-би-си укажува на драматичните последици од недостигот на стоматолози во Велика Британија.
Во извештајот на јавниот сервис се наведува дека многу Британци мораат да патуваат стотици километри за лекување кај стоматолог или сами да си ги вадат забите без анестезија, односно да импровизираат мостови.
Проблеми имало и во други здравствени области“, изјави министерот за здравство, Стив Баркли, за весникот „Телеграф“. Тој оцени дека државата наесен ќе се соочи со сериозни предизвици во здравството.
Поради брегзитот, многу странски лекари мора да ја напуштат земјата.