Свет
Сопругата на Асанж: Ако биде екстрадиран во САД, тој жив ќе биде погребан
Британскиот суд денес одлучува дали ќе го испорача основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во Америка.
САД сакаат да го гонат за шпионажа по објавувањето стотици илјади доверливи документи.
За своите приврзаници, 49-годишниот Асанж стана симбол на борбата за слобода на информации.
За неговата судбина ќе одлучува судијката Ванеса Берицер пред судот во Олд Бејли во Лондон. Без оглед каква одлука ќе биде донесена за тоа, ќе може да се поднесе жалба, така што судската битка во Велика Британија сигурно нема да заврши тука.
Останува да се види каков ќе биде односот на идниот американски претседател Џо Бајден кон основачот на „Викиликс“. Поведена е постапка против Асанж под претседателство на Доналд Трамп. За време на претходникот на Трамп, Барак Обама, чиј потпретседател беше Бајден, американските судови се откажаа од гонење на Асанж.
Сепак, пред 10 години Бајден го спореди Асанж со високотехнолошки терорист.
Адвокатката Стела Морис, со која Асанж има две деца, во интервју за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека од март ниеден од неговите адвокати не се појавил во затворот „Белмарш“ во Лондон, каде што тој се наоѓа.
Таа рече дека одбраната на Асанж е сериозно хендикепирана.
„Но, ситуацијата во затворот ‘Белмарш’ не е ништо во споредба со условите во затворот на кој тој ќе биде подложен во САД доколку биде екстрадиран“, рече таа оценувајќи дека Асанж тогаш ќе биде жив закопан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји-членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе кои се најдобри во професијата судии, пренесува Ројтерс.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.