Европа
Со аплауз и букет цвеќе од нејзиниот наследник, Меркел беше испратена во пензија

Како некој што како неискусна девојка влезе во политичките води, Меркел сега засекогаш ја напушта светската политичка сцена, а целиот свет се прашува дали оваа економски моќна нација во срцето на Стариот континент ќе остане стабилна и предвидлива и без Ангела Меркел.
Тоа беше тоа – по 16 години, официјално заврши една ера – Ангела Меркел му ги предаде функцијата и официјалните работи на нејзиниот наследник Олаф Шолц.
„Преземете ја сопственоста на оваа куќа и работете за доброто на нашата земја“, му рекла Меркел на новиот канцелар Шолц, кој и се заблагодарил и и подарил букет цвеќе.
Постигнавте големи работи“, изјавил новиот германски канцелар, пренесува „Билд“.
Меркел со насмевка го примила цвеќето и официјално по 16 години беше испратена во пензија.
Кога Меркел ја напуштила канцеларијата, вработените гласно и долго аплаудирале.
Шолц во средата положи заклетва во Бундестагот, а многумина заминувањето на Ангела Меркел го нарекоа „крај на една ера“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Голем шумски пожар во Шпанија, евакуирани над 1.500 лица

Голем шумски пожар избувна во четвртокот на истокот на Шпанија во Вилануева де Вивер, во провинцијата Кастелон, недалеку од Валенсија.
Опустоши околу 4.000 хектари шума, а од загрозената област беа евакуирани околу 1.500 луѓе.
Повеќе од 500 пожарникари, поддржани од 20 авиони и хеликоптери, се распоредени за да го стават огнот под контрола во близина на селото Вилануева де Вивер, соопшти денеска шпанската служба за итни случаи, пренесува Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири и на други подрачја. Властите објавија дека се истражуваат причините за пожарот, објави шпанскиот весник „Ел Паис“.
Европа
Берлин планира да протера над 30 руски дипломати, Москва подготвува остар одговор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, планира да протера повеќе од 30 руски дипломати акредитирани во Берлин, додека од Москва велат дека веќе имаат подготвен одговор.
Според германските безбедносни власти, руските дипломати го користат својот имунитет за илегално да регрутираат германски доушници од светот на политиката, бизнисот, науката и војската.
Информаторите, меѓу другото, се користат и за диверзантски и дезинформациски операции.
Ако Германија протера руски дипломати, Москва ќе реагира жестоко, одговорот е веќе готов, изјави за Спутник извор од руското Министерство за надворешни работи.
Европа
Напад со нож и рачна бомба во Берлин, има повредени

Германската полиција објави дека 61-годишен осомничен напаѓач е уапсен по напад со нож и рачна бомба во Берлин, пришто се повредени три лица.
Напаѓачот во петокот вечерта активирал граната во влезот на станбена зграда во населбата Рајникендорф во главниот град на Германија и ранил две жени на возраст од 42 и 48 години, како и еден 61-годишен маж, пренесува АП.
Во полицискиот извештај се наведува дека по детонацијата, осомничениот притрчал кон жртвите и ги нападнал и ги ранил со нож.
Сите три жртви се пренесени во болница, но животот на повредениот е во опасност, се вели во полициското соопштение. Напаѓачот веднаш по нападот побегнал, но набрзо е приведен.