Контакт

Свет

Со нападите на Крим ќе се спасат животите на Украинците, порача украинскиот министер за одбрана

Објавено пред

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, посочи дека Украина ќе продолжи со нападите врз Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014, и преминот Керч, кој го поврзува со руското копно.

„Сите овие цели се легитимни бидејќи тоа ќе го намали нивниот капацитет да се борат со нас и ќе помогне да се спасат животите на Украинците“, рече Резников во интервју за Си-ен-ен.

На прашањето дали целта на Украина е трајно да го оневозможи мостот, Резников одговори дека нормалната тактика е уништување на логистичките линии на непријателот бидејќи е спречено снабдувањето со муниција, гориво и храна.

„Затоа ќе ја искористиме оваа тактика против нив“, рече Резников.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Нетанјаху: Сите сносат одговорност за масакрот на 7 октомври

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наизглед призна дел од одговорноста за пропустите што доведоа до нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, но истовремено тврди дека одговорноста ја делат „сите“ во политичкиот, воениот и безбедносниот врх.

Тој нагласи дека „вистинското прашање“ е што се случи по тој датум, а не што му претходеше, пишува „Тајмс оф Израел“.

За време на опсежното интервју за емисијата „60 Minutes“ на американската телевизија „Си-би-ес“, Нетанјаху беше запрашан зошто сите безбедносни функционери поднеле оставки или биле сменети по нападот, освен тој. Одговори дека некои си заминале поради истек на мандатот, додека само еден или двајца „рекле дека преземаат одговорност, но не е јасно што значи тоа. Каква е нивната одговорност?“. Овие изјави, како што наведува „Си-би-ес“, биле кажани во дел од разговорот кој не бил емитуван, а се објавени во целосниот транскрипт.

„Да ги погледнеме политичкиот, воениот и безбедносниот ешалон. Да ги погледнеме сите, секој сноси дел од одговорноста. Да, од врвот, од премиерот надолу“, рече тој, повторувајќи го својот предлог за формирање истражна комисија која би ја именувала политиката, наместо независна државна истражна комисија.

Тој одби да формира таква комисија, која е највисок облик на истрага во земјата, иако анкетите доследно покажуваат дека ја поддржува јасно мнозинство Израелци. И самиот Нетанјаху во 2022 година поддржуваше таква истрага за постапувањето на претходната влада, но неговата сегашна влада тоа упорно го одбива и сè уште нема одобрено никаква истрага, повеќе од две и пол години по најсмртоносниот ден за Евреите од Холокаустот.

„Но, мислам дека вистинското прашање е што се случува по 7 октомври“, продолжи Нетанјаху. „Моја јасна одговорност беше да го извлечам Израел од оваа ужасна смртоносна јамка што ни ја наметнаа Иранците. И тоа го правевме систематски, многу одлучно, напаѓајќи го секој од тие седум фронтови, еден по друг, и сузбивајќи го бранот терор.“

На прашањето за сè почестата перцепција дека е склон кон конфликти, Нетанјаху изјави дека до 7 октомври бил сметан за „веројатно највоздржаниот премиер во историјата на Израел“ и дека тоа се променило по нападот.

„Ме сметаа за политички цврст, но воено многу воздржан“, изјави тој, говорејќи за својот мандат подолг од една деценија, во кој се спротивставуваше на повиците на десницата за општа војна против Хамас, сметајќи ја за непотребна. Бројни извештаи и некои високи безбедносни функционери јавно наведоа дека Нетанјаху и неговата влада повеќепати одбивале планови за ликвидација на високи лидери на Хамас.

„Тоа очигледно се промени на 7 октомври бидејќи сакаа да нè уништат. Не го сметав тоа само за напад на Хамас. Го видов тоа како напад на иранската оска со цел да нè уништи преку смртоносна јамка“, рече Нетанјаху.

На прашањето дали е можно да се сруши иранскиот режим, Нетанјаху одговори: „Мислам дека не може да се предвиди кога ќе се случи тоа. Дали е можно? Да. Дали е загарантирано? Не. Но, можам да ви кажам дека тоа е како банкрот. Напредува постепено и потоа се урива“. Додаде дека падот на иранскиот режим би значел крај за Хезболах, Хамас и Хутите, бидејќи Иран е „скелетот“ што ги држи.

Тој исто така процени дека Моџтаба Хамнеи, синот на Али Хамнеи, е жив и се наоѓа во некој бункер, обидувајќи се да наметне свој авторитет по смртта на неговиот татко, иако тој авторитет е помал од оној на претходникот.

Нетанјаху го припиша падот на поддршката за Израел во САД, особено меѓу младите, на „манипулациите со социјалните мрежи“ од страна на неименувани држави.

„Израел е опколен на медиумскиот, на пропагандниот фронт, и не се снајдовме добро во таа војна“, призна тој. „Мораме да се бориме против тие лаги со единственото оружје што го имаме – вистината.“

Нетанјаху ги отфрли обвинувањата за пораст на непријателството кон христијаните во Израел, нарекувајќи ги неодамнешните инциденти „изолирани отстапувања“.

„Христијаните напредуваат само во Израел. Во другите земји се згазени, угнетени, а понекогаш и масакрирани“, тврди Нетанјаху. Тој додаде дека секој војник или поединец кој ќе нападне христијански симболи или лица е казнет и дека Израел е единствената земја на Блискиот Исток која вистински ги штити и ги цени христијаните поради заедничките корени.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Ирски новинар: Каја Калас денес ја напаѓа Москва, а пораснала со советски привилегии

Објавено пред

Изјавата на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, дека, како што изјавила, руското влијание во Европа повторно е во пораст, предизвика остра реакција кај ирскиот новинар Чеј Боус.

Калас, доаѓајќи на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, рече дека, според неа, руското влијание може да се види во спортските организации, каде што на руските спортисти им е дозволено повторно да настапат, но и на Венециското биенале, каде што Русија е присутна како ништо да не се случило.

Боуз реагираше исклучително остро на социјалните мрежи, обвинувајќи ја Калас за лицемерие и потсетувајќи на политичката биографија на нејзиното семејство од советскиот период.

„Зарем Калас не се грижеше за „влијанието на Москва“ кога растеше во големиот стан на советската влада“, напиша Боуз, користејќи голем број навредливи квалификации против европската функционерка.

Коментирајќи го нејзиниот настап, тој изјави дека денес Калас се однесува како еден од најгласните критичари на Москва, иако нејзиниот татко Сим Калас бил дел од естонскиот институционален апарат за време на советската ера. Според биографските информации, Сим Калас работел во Министерството за финансии на Естонската ССР и бил директор на естонската филијала на Советската штедилница, а подоцна, по враќањето на независноста на Естонија, бил премиер, министер и европски комесар.

Каја Калас е актуелна висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, на функцијата од декември 2024 година, а во Брисел во последните месеци се позиционирала како еден од најсилните застапници за континуиран притисок врз Русија, пишуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Свет

Тајани: ЕУ ќе одлучи кој ќе биде нејзин преговарач во евентуалните разговори со Русија

Објавено пред

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Европската Унија ќе одлучи кој ќе биде нејзин преговарач во евентуалните разговори со Русија за прекин на војната во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин изјави за време на викендот дека би сакал поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да биде посредник.

„Европа ќе избере европски преговарач, а не Русија“, рече Тајани по пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел, пренесува „Анса“.

Тој истакна дека тоа ќе биде одлука што ќе ја донесат заеднички сите 27 земји-членки на ЕУ.

„Но, во меѓувреме, треба да видиме дали Русија навистина сака мир, се надевам дека сака“, додаде тој.

На прашањето дали претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, може да биде преговарач на ЕУ, Тајани рече дека тоа е „угледно име“.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, исто така ја отфрли можноста за вмешаност на Шредер.

„Ако ѝ дадеме на Русија право да назначи преговарач во наше име, тоа не би било многу мудро“, изјави Калас претходно денес.

Таа нагласи дека Шредер бил високо рангиран лобист за руските државни компании.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Нетанјаху: Сите сносат одговорност за масакрот на 7 октомври

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наизглед призна дел од одговорноста за пропустите што доведоа до нападот на Хамас на 7 октомври...

Свет9 минути

Ирски новинар: Каја Калас денес ја напаѓа Москва, а пораснала со советски привилегии

Изјавата на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, дека, како што изјавила, руското влијание...

Економија19 минути

„Халкбанк“ ја проширува понудата со услуга за инвестирање на странски пазари

Следејќи ги современите трендови во финансискиот сектор и растечките потреби на клиентите за поголема диверзификација и пристап до глобални инвестициски...

Свет28 минути

Тајани: ЕУ ќе одлучи кој ќе биде нејзин преговарач во евентуалните разговори со Русија

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Европската Унија ќе одлучи кој ќе биде нејзин...

Свет29 минути

(Видео) Макрон стана од публиката, го зеде микрофонот и повика: „Тоа е целосно непочитување“

Францускиот претседател, Емануел Макрон, учествуваше на самитот „Africa Forward“ во Најроби, каде што имаше необична ситуација за време на панел-дискусија....

Македонија34 минути

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

ГРОМ и коалицијата изминативе шест месеци беше конструктивен во Советот на Општина Карпош. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која во претходниот...

Свет35 минути

Стармер: Нема да се повлечам, ќе докажам дека критичарите грешат

Британскиот премиер, Кир Стармер, изјави дека нема да се повлече од функцијата, и дека ќе им докаже на своите критичари...

Свет42 минути

(Видео) Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО

Пентагон објави огромна архива на претходно доверливи документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи децениски описи на видувања пријавени од...

Црна хроника46 минути

Малолетничка паднала од велосипед: со тешки повреди е пренесена во болница во Штип

Вчера околу 19:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека кај место викано „Рудина“ на некатегоризиран пат, 11-годишна малолетничка...