Свет
Со секоја нова мутација коронавирусот станува поопасен, предупреди Институтот „Роберт Кох“

Коронавирусот станува поопасен со секоја нова мутацијата, предупредија денеска министерот за здравство на Германија, Јенс Спан, и шефот на Институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер.
Вилер рече дека биле откриени неколку мутации и дека во моментот е докажано присуство на три соја во Германија. Според него, најопасна во моментот е големата можност британскиот вид (Б1.1.7) да се прошири понатаму.
„Овој вид е позаразен и поопасен. Ние мора да спречиме оваа варијанта да се шири понатаму“, рече Вилер.
Тој потенцира дека вирусот сè уште не е уморен, но дека добил нов поттик преку мутацијата, поради што е важно граѓаните да ги почитуваат мерките.
Тој посочи дека динамиката со која ќе се шират новите видови е од клучно значење, затоа е потребно да се работи на понатамошно намалување на бројот на заразени лица.
Кога станува збор за вакцинацијата, Спан рече дека претстојат потешки недели поради ограничената испорака на вакцини. Додаде дека до крајот на првиот квартал сите од првата приоритетна група ќе добијат понуда за вакцинација, а потоа и луѓето со зголемен ризик.
Тој посочи дека Европската комисија во моментот е на крајот од разговорите со компанијата „Новавакс“ и дека сметаат на нови количини вакцини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.