Свет
Спасувачите извлекоа преживеана жена, два дена по смртоносниот земјотрес во Индонезија
Спасувачките екипи извлекоа живa жена од под урнатините на индонезискиот туристички остров Ломбок, два дена по земјотресот во кој загинаа повеќе од сто луѓе и се уништија голем број села и илјадници луѓе останаа без покрив над главата, додека властите се обидуваа да достават помош, а стотици туристи се обидуваа да ја напуштат земјата.
Во земјотресот со јачина од 6,9 степени во неделата вечер загинаа најмалку 105 Индонезијци и оштетени се илјадници градби, според последните официјални податоци, една недела по вториот земјотрес во кој загинаа најмалку 17 лица на овој вулкански туристички остров.
Надја Реванале (23), која пазарувала за време на земјотресот, била затрупана под урнатините, но соседите ги слушнале нејзините повици за помош и ги известиле спасувачите на кои им биле потребни четири часа за да ја спасат.
Волонтерот Маркос Ерик од рударска компанија изјави дека прво копале со рацете и потоа продолжиле со алатки. „Ни беа потребни многу часови, но благодарни сме што ја пронајдовме жива”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

