Контакт

Европа

Според Бибер, падот на Штрахе е добар знак за Западен Балкан

Објавено пред

Падот на Штрахе е добар знак за Западен Балкан бидејќи оваа политичка сила не работеше во интерес на проширувањето на ЕУ, вели Флоријан Бибер, експерт за Балканот на Универзитетот во Грац.

Бибер за РС рече дека оставката на австрискиот вицеканцелар и лидер на десничарската Партија на слободата, Хајнц Кристијан Штрахе, односно крахот на неговата политичка кариера, ги остава неговите политички пријатели и сојузници во регионот на Западен Балкан без алтернативи меѓу европските популисти и крајните десничари.

Меѓутоа, владината криза во Австрија е, всушност, вели Бибер, прилично добар знак за Балканот.

„Тоа е, можеби, охрабрувачки за регионот бидејќи и ако дале некои просрпски изјави, тие не сакаат проширување и тоа се само флоскули бидејќи тие немаат длабока верба во идејата за проширувањето, европската интеграција и реформата. Во таа смисла тоа е добра вест за Балканот“, рече Бибер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Грција ѝ нуди помош на Турција по земјотресот

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека на пет лица повредени во земјотресот им била извршена операција, а осуммина се на интензивна нега. Ердоган додаде дека телефонски разговарал со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додавајќи дека грчката влада е подготвена да испрати помош за Турција.

Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди Егејското Море јужно од градот Измир на западниот брег на Турција.Земјотресот се почувствувал сè до Истанбул. Досега е потврдено дека загинале 14 лица, а повеќе од 400 се повредени. Двајца тинејџери загинале во Грција, когаа врз нив се срушил ѕид кога се враќале од училиште.

Прикажи повеќе...

Европа

Уште еден земјотрес ја погоди Турција

Објавено пред

Уште еден земјотрес со јачина од 5,1 степен ја погоди Турција. Земјотресот е регистриран на 74 километри од Измир, пренесува ЕМСЦ.Нов земјотрес е регистриран на длабочина од пет километри, а бил почувствуван и на бреговите на Грција.

ЕМСЦ известува дека по ова било почувствувано и тресење на тлото со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала на 47 километри западно од Сока.

Во водите на Егејско Море попладнево е регистриран земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Речиси 20 згради се урнаа во областите на западниот турски град Измир. Според досегашните податоци, шест лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Велика Британија секојдневно речиси 52.000 новозаболени од Ковид-19

Објавено пред

Во Велика Британија речиси 52.000 нови случаи се регистрирани речиси секој ден оваа недела.

Тоа е големо зголемување во споредба со претходната недела кога дневниот пораст на бројот на пациенти беше околу 35.000, според податоците објавени од Националното биро за статистика (ОНС).

Истражувањето на ОНС за епидемијата проценува дека 568.100 луѓе имале Ковид-19 помеѓу 17 и 23 октомври, што е повеќе од 433.300 претходната недела, пренесува „Ројтерс“.

Се проценува дека оваа недела еден од 100 луѓе во Англија добил Ковид-19, а минатата недела тој однос бил 1 спрема 130.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија2 часа

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет3 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион3 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија3 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија3 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија4 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион4 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет6 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет19 часа

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија19 часа

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Свет20 часа

(Видео) Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 14, над 400 лица се повредени

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот...

Свет21 час

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови...

Македонија21 час

Вучиќ, Рама и Заев разговараа за обновување на иницијативата за регионална соработка

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок...

Регион22 часа

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Македонија24 часа

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија24 часа

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија1 ден

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија1 ден

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија1 ден

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Досие