Контакт

Вести

Спротиставените сириски страни седнати на иста маса по три години

Објавено пред

Судрените страни во сириската граѓанска војна којашто започна во март 2011 година се сретнаа по цели три години на мировните преговори под покровителството на Обединетите нации во четврток во седиштето во Женева на кои посредникот Стефан де Мистура ќе се обиде да ги увери на соработка со којашто ќе се стави крај на крвавата војна која прерасна во регионален судир и голем меѓународен проблем.

dobivaj vesti na viber

 

„Барам од вас да соработувате. Знам дека нема да биде лесно да се заврши овој грозен судир и да се создадат темели за држава која е во мир со себеси, суверена и обединета“, изјави претставникот на ОН, Стефан де Мистура пред претставници еден наспроти друг во женевското седиште на светската организација.

Де Мистура за новинарите изјави дека во петокот ќе ги одржи консултациите со претставниците на двете страни на коишто ќе се обиде да воспостави процедура за текот на преговорите. Додаде дека му било сон да ги врати двете делегации на директните преговори, но и дека пред тоа треба да се одработат уште работи.

На последните разговори во Женева, коишто беа одржани пред десет месеци, де Мистура мораше наизменично да разговара со конфронтираните страни кои никогаш не се најдоа во иста просторија. Но, по преговорите и првите директни контакти минатиот месец во казахстанската престолнина Астана, со посредство на Русија, Турција и Иран, беше прифатено директно комуницирање на претставниците на владата во Дамаск и претставниците на групите од ткн умерена вооружена опозиција, откако од 30-ти декември стапи на сила договорениот прекин на огнот, од кој се исклучени екстремните групации како Исламската држава и преименуваната Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда.

На претставниците на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад и на неговите противници, де Мистура им истакна дека имаат заедничка одговорност за завршувањето на судирите во кои загинаа стотици илјади луѓе, а раселени се или побегнаа во странство милиони луѓе.

„Целиот сириски народ очигледно сака оваа војна да заврши и вие тоа го знаете“, истакна претставникот на ОН.

Откри дека преговорите ќе се темелат на резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН која повикува на изготвување нов устав, избори под контрола на ОН и одговорност на преодната влада, како и дека новата прилика за напредок во мировните разговори го отвори примирјето кое го договорија Русија и Иран, кои ја поддржуваат сириската влада предводена од алавитот (шиит) Асад, и од друга страна Турција којашто ги поддржува сунитските вооружени бунтовници, и досега инсистираше на отстапување на сирискиот претседател во процесот на транзиција на земјата.

Главниот преговарач на опозицијата, којашто уште е поделена и нема целосно единствена делегација, изјави дека преговорите во Женева би требало во прв план да имаат изнаоѓање политичка транзиција, нешто што, како што рече, страната на Асад не го сака.

„Доколку Стефан (де Мистура) е сериозен, мора да се држи до првата тема на дневниот ред, а тоа е политичката транзиција која е прифатлива за сирискиот народ“, изјави за новинарите опозицискиот преговарач Наср ал-Харири.

Од друга страна, пак, рускиот претставник при ОН во Женева, Алексеј Бородавкин рече дека се апсурдни барањата на бунтовнците и нивните западни и сунитски арапски поддржувачи за отстапување на Асад од должноста.

Харири ја критикуваше улогата на Иран и на локалните милиции кои Техеран ги подржува, кои заедно со Русија се клучните сојузници на владата на Асад. „Иран е главната пречка за каков и да е договор“, изјави Харири обвинувајќи го Техеран дека е договорен за кршењето на прекинот на огнот.

Де Мистура рече дека најголемиот предизвик е недостигот на доверба. „Знаеме што сé ќе се случи доколку повторно не успееме: уште смрт, уште патења, уште тероризам, уште бегалци“, рече посредникот на ОН.

Претходно во четвртокот, рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи на средбата со офицерите од Северната флота по враќањето од нивната антитерористичка мисија крај сирискиот брег посочи дека во Сирија се забележливи и знаците на конфесионалниот раздор.

„Особено ме обеспокојува конфесионалната поделба, односно тоа што припадниците на одредена конфесионална заедница се концентрираат во едни региони од земјата (Сирија), а претставниците на другите во други региони, а тоа е образец за можни негативни последици за таа земја“, рече Путин.

Рускиот лидер истакна дека Сирија е мултинационална и мултиконфесионална држава, и „долго време беше секуларна држава, што беше гаранција за територијалната целост на оваа земја“ истовремено додавајќи дека територијалниот интегритет на Сирија е прашање на самите Сиријци.

„Неопходно е да се стори сé што е возможно за при решавањето на ова клучно прашање зачувувањето на територијалната целост на Сирија, да нема надворешно мешање. А нашата задача, и ние токму ја правиме таа работа, е борбата со терористичките групации“, порача Путин./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет2 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет3 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија5 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија6 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија7 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет7 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет8 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет9 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет10 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет11 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет13 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија15 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет17 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет18 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет23 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 ден

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...