Контакт

Европа

Статуи од волци со нацистички поздрав осамнаа во германскиот град Кемниц

Објавено пред

Во земјата каде што нацистичките симболи се нелегални, глетката на статуи од волци што отпоздравуваат со нацистички поздрав изгледа премногу невообичаено.

Сепак, десет бронзени статуи се појавија во источниот германски град Кемниц во знак на протест против, како што велат авторите, растечката омраза во овој град.

Во последните недели во градот се одржаа повеќе протести но и контрапротести иницирани од смртта на Германец, кој, според десничарите, бил убиен од страна на двајца имигранти.

Според некои извештаи, демонстрантите за време на протестите го користеле Хитлеровиот поздрав и бркале мигранти и новинари.

Авторите на скулптурите „Волците се враќаат“ објаснуваат оти инсталацијата е заснована на фактот дека нацистите и десничарските радикали во денешно време честопати се нарекуваат себеси волци.

Волците ќе бидат поставени пред познатата статуа на Карл Маркс во Кемниц и ќе бидат таму неколку дена заедно со пароли насочени против десничарскиот радикализам.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Русија: Ја предупредивме Франција за опасноста од терористи од Северен Кавказ

Објавено пред

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Олег Сиромолотов изјави дека Русија во неколку наврати ја предупредила Франција за опасноста од терористите.

Според него, тие терористи мигрирале од Северен Кавказ во Франција, додека француските власти ги сметале за борци за слобода.

Тој рече дека многумина од тие „борци за слобода“ во меѓувреме станале државјани на Франција, а со тоа и на Европската Унија.

Во исто време, кога станува збор за соработката меѓу Русија и Франција за прашањето на борбата против тероризмот, Сиромолотов рече дека таа област е една од најважните во билатералните односи меѓу Москва и Париз, пренесува порталот „Спутник“.

Според него, во согласност со договорот меѓу претседателот Владимир Путин и Емануел Макрон, повторно е покрената работата на работната група за борба против новите предизвици и закани.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија највисоко дневно зголемување од почетокот на пандемијата, повеќе од 18 илјади заразени

Објавено пред

Германија во последните 24 часа евидентирала 18.681 случај на инфекција со коронавирус, објави Институтот „Роберт Кох“, и тоа е највисоко дневно зголемување од почетокот на пандемијата.

Во земјава досега биле заразени вкупно 499.694 лица. Според институтот, регистрирани се 10.349 смртни случаи, 77 повеќе од претходниот ден.

Зголемувањето на бројот на заразени се случува во време кога германските федерални и провинциски власти се согласија за нови ограничувачки мерки за ноември во обид да се спречи инфекцијата пред Божик.

Културно-рекреативни објекти, ресторани и барови ќе бидат затворени, а настаните на отворено ќе бидат ограничени на членови на две домаќинства, со максимум 10 лица. Строгите ограничувања се во сила од понеделник.

Покрај тоа, навивачите нема да можат да присуствуваат на фудбалски натпревари во Бундеслигата, нема да се одржуваат аматерски спортови, а спортски сали, базени, студија за убавина, сали за масажа и студија ќе бидат затворени.

Канцеларката Ангела Меркел го бранеше карантинот во ноември како соодветен, неопходен и пропорционален.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер во четвртокот објави дека усогласеноста со новите мерки за борба против пандемијата на коронавирусите ќе ја следат илјадници федерални полицајци.

Прикажи повеќе...

Европа

Пријава за дозвола за германската вакцина веќе во ноември

Објавено пред

Извршниот директор на германската компанија „Бионтех“, Угур Шахин, очекува дека резултатите од доцната фаза на клинички испитувања на потенцијална вакцина против коронавирусот ќе бидат достапни набргу, а компанијата може да се пријави за добивање дозвола во САД кон средината на ноември доколку оценките бидат позитивни.

Шахин рече дека првите податоци за ефикасноста на вакцината се очекуваат кон крајот на октомври или почетокот на ноември.

Тој рече дека е оптимист и дека компанијата ќе достави барање за употреба на вакцината до Управата за храна и лекови во средината на ноември доколку сè оди добро, пренесува „Ројтерс“.

„Бионтех“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“ се меѓу водечките компании што работат на развој на вакцина против коронавирусот заедно со „Модерна“ од САД и „Астра зенека“ од Велика Британија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион16 минути

Во Хрватска 2.772 новозаразени со коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаи на зараза со коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија58 минути

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно1 час

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа1 час

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа2 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа3 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет15 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија16 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија16 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет18 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија19 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија20 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија20 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија22 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија23 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија24 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет24 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија1 ден

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија1 ден

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет1 ден

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Досие