Свет
Стејт департментот: Македонија, Црна Гора и Бугарија донесоа суверени одлуки
Стејт департментот по повод одлуката на Македонија, Црна Гора и Бугарија да не дозволат прелетување на авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на пат за Белград, соопшти дека тие како суверени држави „донесоа суверени одлуки за воздушниот простор одразувајќи решеност на Европа да ја покани Русија“ да одговара „за нападот врз Украина.
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, на прес-конференција рече дека САД ја повикале „Србија да се фокусира на својата цел за членство во Европската Унија, вклучително и усогласување на нејзината надворешна и безбедносна политика со остатокот од Европа“, пренесе „Гласот на Америка“.
На прашањето на „Гласот на Америка“ како САД и НАТО ќе ги заштитат трите земји што го затворија воздушниот простор за авионот од кој Лавров требаше да патува во Србија, Прајс одговори дека „сите три се членки на НАТО, а посветеноста на членот 5 во однос на сите три е обврзувачка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

