Контакт

Свет

Столтенберг го поздрави договорот на Г7 за заем од 50 милијарди долари за Украина

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска го поздрави договорот на Г7 за давање заем од 50 милијарди долари на Украина што треба да се исплати од добивката од замрзнатите руски средства.

dobivaj vesti na viber

„Ако добро разбрав, овие средства нема да се користат за воени цели. Мојот предлог до лидерите на земјите од НАТО, од друга страна, покрива воени потреби, најмалку 40 милијарди евра годишно“, рече Столтенберг, пренесува АНСА.

Самитот на Г7 беше отворен денеска во Борго Игнација, во јужна Италија, со договор на лидерите за заем за Украина, а утре папата Франциско ќе присуствува на состанок на тема вештачка интелигенција.

Свет

Израел го отфрли формирањето на палестинска држава: „Тоа е егзистенцијална закана“

Објавено пред

Парламентот на Израел денеска гласаше за мерка со која се бара отфрлање на палестинската државност.

dobivaj vesti na viber

„Воспоставувањето на палестинска држава во срцето на израелската земја ќе претставува егзистенцијална закана за државата Израел и нејзините граѓани, ќе го продолжи израелско-палестинскиот конфликт и ќе го дестабилизира регионот“, се вели во резолуцијата.

Од вкупно 120 пратеници на Кнесетот, за него гласаа 68 пратеници, а против беа девет пратеници од арапските партии. Останатите беа воздржани или не ни дојдоа на седницата.

„Прашање на време е додека Хамас не ја преземе палестинската држава и ја претвори во база на радикалниот исламски терор што ќе работи на уништување на државата Израел во соработка со оската предводена од Иран“, се додава во резолуцијата.

Невладината организација „Мир сега“, поборник за решение со две држави, го нарече гласањето „популистичко, катастрофално и штетно за изгледите за регионален договор за ставање крај на војната“.

„Палестинска држава е во интерес на Израел. Решението со две држави е единствената гаранција за израелската безбедност и демократија и би била вистинска победа над Хамас и Иран“, велат од организацијата, а пренесува израелскиот медиум Хаарец.

За мерката гласаа десничарските конзервативни коалициски партии предводени од премиерот Бенјамин Нетанјаху, како и опозициската партија на Бени Ганц, која според анкетите стана најпопуларна во Израел и ќе биде победник на следните парламентарни избори.

Израелските медиуми јавуваат дека опозициската партија на Јаир Лапид не гласала. Лапид се смета за поддржувач на решението за две држави, кое предвидува формирање независна и демократска палестинска држава покрај Израел. За ова решение се залагаат САД, Европската унија и повеќето членки на Обединетите нации.

Прикажи повеќе...

Европа

Песков: Kонцентрираното присуство на бродови на НАТО во Црното Море претставува дополнителна закана за Русија

Објавено пред

Кремљ денеска објави дека Русија како закана ќе ги разгледа сите планови за воспоставување постојано присуство на воени бродови на НАТО во Црното Море, со оглед на вмешаноста на алијансата во руската војна со Украина.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им одговори на новинарите на конференциска врска за новата стратегија за поморска безбедност на украинскиот претседател. Володимир Зеленски зборуваше за потребата да се осигура дека руската морнарица нема да доминира во Црното Море.

„Се разбира, концентрираното присуство на бродови на НАТО – обрнуваме внимание на Бугарија и Романија, крајбрежните држави кои се членки на алијансата – се разбира, ова претставува, особено во сегашната ситуација, дополнителна закана за Русија“, им рече Песков на новинарите.

„Се разбира, Русија ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ја обезбеди сопствената безбедност“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Песков: Плановите на Фон дер Лајен и даваат на ЕУ воен призвук

Објавено пред

Плановите на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за создавање на европска одбранбена унија и даваат на ЕУ „воен призвук“ и го потврдуваат ставот дека земјите од европскиот континент ги ескалираат тензиите и методите на конфронтација во надворешната политика, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Заедничката одбранбена и безбедносна политика е една од областите на заедничка работа во Европската унија. Така беше и за време на европската интеграција, но никогаш не беше главната насока. Тоа што кажа сега г-ѓа фон дер Лајен за промената на приоритетите и дава на ЕУ воен тон, што ја потврдува општата надворешнополитичка ориентација на европските држави кон милитаризација, ескалација на тензиите и потпирање на методите на конфронтација“, рече Песков, пренесува Интерфакс.

Песков рече дека „Руската Федерација не претставувала и не претставува закана за никого во Европската унија“, како и дека во Украина Русија ги штити своите интереси во услови кога земјите од ЕУ отфрлиле каква било можност за дијалог.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

И пет минути да се намали чекањето на Табановце е добро за транспортерите, Муратовска реагира зошто има две контроли од полиција место една

Транспортерите, кои стојат заглавени на граничниот премин Табановце по пет- шест часа, денес добија уште едно ветување за скратување на...

Топ55 минути

МВР со детали за пукањето во Чаир: повреден е 31-годишник од Скопје

Вчера во 21.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен 31-годишниот...

Македонија4 часа

Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

„Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик....

Македонија5 часа

ЦУК: Oд рани зори се гасат пожари по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се на располагање

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено. Утрово активни се...

Култура6 часа

Европски филмови на плажа и на брод во Охрид секоја вечер до недела – „Живи и здрави“ го отвори 7. издание на „Бич филм фестивал“

Под отворено небо, филмот „Живи и Здрави“ на црногорскиот режисер, Иван Мариновиќ, синоќа го отвори седмото издание на фестивалот „Бич...

Свет6 часа

(Видео) Шеснаесет лица загинаа во пожар во трговски центар во Кина

Шеснаесет лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, објавија државните медиуми. Синоќа кинеската државна телевизија...

Европа6 часа

(Фото) Сателитите открија „Панцир“ системи и мистериозни објекти кај резиденцијата на Путин

Сателитските снимки открија дека нов систем за противвоздушна одбрана со краток дострел штити една од резиденциите на рускиот претседател Владимир...

Регион6 часа

Мажи од такси-возило пукале кон полицајци во Србија, еден убиен: напаѓачот се бара и со хеликоптер

Синоќа имало пукање во Лозница, град на западот на Србија. Се се случило при рутинска контрола на такси возила од...

Свет7 часа

Бајден има коронавирус

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на тестот на Ковид-19, потврди Белата куќа, откако тој присуствуваше на настан во Лас...

Економија17 часа

ЈПДП, ЈСП, Железници и ЕСМ Димитриевска-Кочоска вели дека направиле грабеж на државата: Обезбедени се 5,1 милијарда денари за кредити кои ги зеле, но не можат да ги вратат

Со ребалансот на буџетот новата Влада обезбеди 5,1 милијарда денари за сервисирање на кредитни обврски кон меѓународни финансиски институции во...

Македонија21 час

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија21 час

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија22 часа

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија22 часа

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија1 ден

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија1 ден

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија1 ден

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет1 ден

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...

Свет1 ден

Лавров: САД е во голема заблуда ако мисли дека нема да страдаат од нова светска војна

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е во голема заблуда ако мисли дека САД нема да страдаат од нова светска...

Македонија1 ден

Расчистен обидот за убиство врз градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава

Полицијата го расчисти случајот со пукањето кон градоначалникот на општина Арачиново и други лица вработени во општината, додека вршеа увид...