Свет
Стотина слонови пронајдени мртви во Боцвана
Стотина слонови умреа во Боцвана, што се опишува како катастрофа за околината. Над 350 слонови умреле од непознати причини, а фотографиите од авион ги прикажуваат нивните мртви тела расфрлани по реката Окаванго и другите делови на земјата.
Првите случаи биле забележани во јуни за време на лет над делтата на реката Окаванго, мочуриште и бујно живеалиште на дивите животни.
Heartbreaking ?
More than 350 elephants drop dead in mysterious mass ‘die off’ clustered around water holes in Botswana’s Okavango Delta
⠀
The carcasses are yet to be tested for pathogens or poison despite the first dying in EARLY MAY. https://t.co/tiSGyisEpB pic.twitter.com/xgFCEZ6nIP— animals_innocent_creatures (@AnimalsInnocent) July 1, 2020
„За време на тричасовното летање забележани се 169 угинати слоноови“, рекол д-р Ниал Меккан за Би-би-си.
„Еден месец подоцна најдени се уште мртви тела, со што бројот се зголеми на 350“, додал тој.
Владата на Боцвана сè уште не извршила тестирање на траги од отров или патоген, но антраксот е исклучен како причина за смртта. Труењето со цијанид претходно го користеа ловокрадци во Зимбабве.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

