Свет
Судот во Лондон го одби барањето за одложување, судењето за Асанж продолжува во 2020
Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска се појави пред судот во Лондон на сослушување за тоа дали ќе биде екстрадиран во САД поради обвиненијата за шпионажа, а судот го одби неговото барање за одложување на судењето.
Судскиот процес за екстрадицијата на Асанж ќе продолжи во февруари следната година, како што беше планирано, откако судијката Ванеса Бараитсер го одби барањето на неговиот адвокат за одложување за три месеци за да имаат повеќе време да се спремат за судењето.
Асанж крена стисната тупаница кога се појави во судницата.
Во САД тој е обвинет по 18 точки, вклучувајќи заговор, хакирање на владата и шпонажа. Во 2012 година тој се засолни во Амбасадата на Еквадор во Лондон откако државата му даде азил. Тој тогаш избегна екстрадиција во Шведска каде е обвинет за сексуална злоупотреба. Во Амбасадата во Еквадор помина седум години, сè додека не беше уапсен. Асанж сега се наоѓа во притвор во Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

