Контакт

Свет

Таен агент за излегувањето на Трамп пред приврзаниците: „Тоа никако не смееше да се случи“

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера накратко излезе од воената болница Вaлтер Рид каде е хоспитализиран поради коронавирусот.

Трамп беше виден во поврока возила што полека минуваа пред група негови приврзаници кои се собраа пред болницата.

Тој го најави изненадувањето на видео на „Твитер“, кое го објави 15 минути пред да излезе од болницата.

Сепак, неговото кратко патување предизвика бројни критики од експертите.

Ситуацијата ја коментираше и еден од активните агенти на тајната служба.

„Тоа никогаш не требаше да се случи. Агентите кои го возеа Трамп сега ќе треба да одат во карантин. Мислам, јас сигурно не би сакал да бидам во нивна близина. Фрустрирачки е односнот кон нас кога станува збор за коронавирусот, како ние да сме за еднократна употреба”, рече тој за Си-ен-ен.

Друг агент вели дека едноставно е невозможно да се каже не во таа ситуација, а трет смета дека сето тоа било несовесно.

Сепак, не сите агенти сметаат дека потегот на Трамп бил лош.

„Денес гледав некои вести и мислам дека е смешно да се каже оти Трамп се обидува да ги убие луѓето околу него. Сите знаеме дека тој е неконвенционален, но на нас е да си ја сработиме работата“, вели еден нивни колега.

Портпаролот на Белата куќа, Џад Дир, го опиша излегувањето на Трамп од болницата како кратко возење во моторизирана поворка за да им отпоздрави на приврзаниците и додаде дека Трамп многу брзо се вратил во својата болничка соба.

Свет

Истражување: Намалена продажбата на шминки за време на пандемијата

Објавено пред

Најновото истражување на компанијата „Нилсен“, глобална компанија за испитување на јавното мислење, покажува дека поради мерките на ограничувања за време на пандемијата, купувањето козметички производи, шминка за лице, пред сè, драстично опадна.

Според весникот „Ил манифест“, купувањето на кармини е намалено за 24 отсто на светско ниво, а продажбата на шминка за очи е намалена за 10 отсто.

Оваа разлика, според авторот на статијата, може да се објасни со фактот дека под заштитната маска, карминот на усните може да предизвика само штета, се размачкува на лицето и ја валка маската, а устата намачкана со кармин и така не се гледа.

Од јануари до јуни годинава, продажбата на кармини е намалена за цели 60 отсто, а во исто време е продадено речиси 30 отсто помалку шминка за очи отколку во истиот период минатата година.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Велика Британија секојдневно речиси 52.000 новозаболени од Ковид-19

Објавено пред

Во Велика Британија речиси 52.000 нови случаи се регистрирани речиси секој ден оваа недела.

Тоа е големо зголемување во споредба со претходната недела кога дневниот пораст на бројот на пациенти беше околу 35.000, според податоците објавени од Националното биро за статистика (ОНС).

Истражувањето на ОНС за епидемијата проценува дека 568.100 луѓе имале Ковид-19 помеѓу 17 и 23 октомври, што е повеќе од 433.300 претходната недела, пренесува „Ројтерс“.

Се проценува дека оваа недела еден од 100 луѓе во Англија добил Ковид-19, а минатата недела тој однос бил 1 спрема 130.

Прикажи повеќе...

Регион

Рускиот патријарх Кирил изрази сочувство за смртта на Амфилохије

Објавено пред

Рускиот патријарх Кирил денеска изрази сочувство поради смртта на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије.

Патријархот Кирил во името на Руската православна црква, како и во негово лично име, упати писмо до српскиот патријарх Иринеј и Српската православна црква.

Mитрополитот Амфилохије (82) почина утрово во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора по приемот на 6 октомври на болничко лекување поради тешкотии предизвикани од коронавирусот.

Вчера, медиумите јавија дека неговата здравствена состојба се влошила, односно дека дишел тешко и чувствувал болка во градите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија18 минути

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија2 часа

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија3 часа

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија4 часа

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион5 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија5 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно6 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа6 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа7 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа7 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет19 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија20 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија21 час

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет23 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија24 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија1 ден

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија1 ден

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија1 ден

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија1 ден

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Досие