Свет
Тажни вести од Бакингемската палата: уште една тешка година пред кралот Чарлс
Лекувањето на кралот Чарлс, кому на почетокот на оваа година му беше дијагностициран рак, ќе продолжи и во 2025 година, пренесува „Скај њуз“.
Извори од Бакингемската палата изјавија дека третманот на кралот се движи во позитивна насока и дека како контролирана состојба циклусот на лекување ќе продолжи и в година.
Изворите додаваат дека постои оптимизам, а тоа се гледа и од желбата на кралот Чарлс да продолжи со многуте јавни обврски вклучувајќи ги и оние за време на празниците.
Бакингемската палата во февруари објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак и дека почнува со лекување. На самиот почетокот, кралот донел одлука отворено да зборува за својата дијагноза и за искуството верувајќи дека тоа може да им помогне на другите што страдаат од оваа тешка болест.
Но, до ден-денес не се знае точно од кој рак боледува, а тоа наводно се крие за да не се намали вниманието на другите видови рак и другите болести.
Исто така, не се открива и на каков третман се подложил кралот, но се знае дека редовно одел кај приватни лекари во Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

