Контакт

Свет

Талибанците кратко зазедоа град во западот од Авганистан, нова криза за владините сили

Објавено пред

Тешко вооружени талибански војници во вторникот кратко го заземаа градот Фарах, кој се наоѓа на западот од земјата, пренесува „!Ројтерс“.

Граѓаните на Фарах, главен град на истоимената провинција на границата со Иран, со месеци предупредуваа дека градот се наоѓа во ранлива позиција и дека нападот ризикува повторување на ситуацијата кога талибанците во 2015 го зазедоа градот Кундуз, кој набргу потоа беше ослободен.

Според портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана, Мохамад Радманиш, безбедносите сили од околните провинции добиле наредби да се упатат кон Фарах и да ги заштитат цивилите и владините објекти. Тој исто така додал дека набргу потоа талибанците биле принудени да се повлечат од градот.

„За среќа, специјалните сили и командосите се во градот и нема опасност тој да падне“, рекол тој додавајќи дека авганистанските воздухопловни сили ги напаѓаат талибанските позиции.

Мисијата на НАТО во Кабул преку соопштение изјави дека градот останува под владина контрола. „Ројтерс“ додава дека нападот сепак ги зголемуа проблемите со кои се соочува владата на претседателот Ашраф Гани, кој е под огромен притисок на јавноста поради влошувањето на безбедноста во пресрет на парламентарните избори што треба да се одржат во октомври.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Објавено пред

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите, по што и двајцата се борат за живот. Станува збор за Драги Г., кој е осомничен дека во семејната куќа сериозно ги повредил родителите, 68-годишниот татко и 67-годишната мајка. Ја застрелал мајка си во главата, а татка си го погодил во градите.

Повредените сопружници итно биле пренесени во болницата во Дубровник. Тие биле сместени на одделот за интензивна нега. Мајката има прострелна рана во главата и е во особено сериозна состојба. Лекарите се борат за нејзиниот живот. Нејзиниот сопруг има повреда на ‘рбетниот мозок, а како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, поради сериозноста на повредите, тој би можел да остане неподвижен.

Четири и пол часа по пукањето, 37-годишниот Драги беше пронајден и уапсен. Тој се криел во трошна зграда на речиси 500 метри од семејниот дом. Потрагата по оружјето сè уште трае.

Медиумите известуваат дека никој не знае да шпекулира што ѝ претходело на ваквата семејна трагедија. Таткото и синот, заедно со друг партнер, воделе туристичка агенција, која организирала патувања до Елафити и на други локации околу Дубровник. Во текот на сезоната тие имале работа преку глава. Но, луѓе блиски до семејството за тамошнте медиуми велат дека сè се случило поради лошата состојба во која се нашло семејството, како и другите туристички работници, погодини од мерките воведени поради корнавирусот.

Никој не може да потврди дали тие можеби имале финансиски тешкотии, но медиумите наведуваат дека синот бил избувлив и заедно со татка си веќе биле пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир. Таткото имал и здравствени проблеми со белите дробови. Ден пред овој трагичен настан тој се вратил дома од болница, каде што бил хоспитализиран седум дена.

На осомничениот му бил направен алкотест, но сè уште не се знае дали тој бил под дејство на алкохол. Тој ќе се појави пред истражниот судија в петок наутро.

Прикажи повеќе...

Регион

Хвар го сопре воведувањето на 5Г-технологијата додека не се истражи како влијае на здравјето

Објавено пред

Градот Хвар го суспендира воведувањето на 5Г-технологијата сè додека не се докаже дека нема негативно влијание врз луѓето и околината. Градскиот совет на Хвар едногласно донесе одлука за телекомуникациските базни станици и воведувањето на 5Г-технологијата суспендирајќи го воведувањето на 5Г-технологијата на подрачјето на Хвар сè додека независна и непристрасна студија докаже дека технологијата нема негативно влијание врз луѓето и околината.

Врз основа на одлуката Градскиот совет ќе формира работна група, која во наредните шест месеци ќе се обиде да ја испита врската меѓу сите извори на зрачење и карциномот. Одлуката ќе биде доставена до владата и Хрватската регулаторна агенција, која е должна да ја проследи до сите релевантни фактори кои дејствуваат во областа на градот Хвар.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија уапсен началник на нефрологија поради земање мито

Објавено пред

Началникот на нефрологија на Воената медицинска академија (ММА), Џ. М., е уапсен под сомнеж дека примил мито, потврдува за медиумите портпаролката на Вишото обвинителство во Белград, Ирена Бјелош.

Тој е уапсен пред два дена, а бил сослушан вчера по што му е одреден притвор во траење од 30 дена. Обвинет е дека подолг временски период земал мито, а со постапката се опфатени и неколку лица за кои постои сомнеж дека давале мито.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион5 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија6 часа

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ8 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија8 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија9 часа

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија11 час

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион12 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија12 часа

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија12 часа

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ13 часа

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија13 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион16 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет16 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет16 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет17 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија18 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија1 ден

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија1 ден

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија1 ден

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Досие