Европа
Таткото на Грета Тунберг: Таа е среќна, но јас сум загрижен
Иако таткото на Грета, Сванте Тунберг, е горд на нејзината упорност и истрајност, тој не е среќен што неговата ќерка тинејџерка се нашла во првите редови на активистичката борба, признава за Би-би-си.
Сванте открил дека Грета страдала од депресија три до четири години пред да почне активно да се бори за спас на планетата од глобалното затоплување.
„Престана да јаде… и престана да оди на училиште“, признал Сванте.
За да ја спасат од депресија, родителите на Грета ги прекинале своите кариери и се посветиле на неа и нејзината сестра.
Во текот на изминатите неколку години тие почнале да стануваат свесни за климатските промени, за кои Грета страсно се интересирала.
Нејзината мајка, инаку оперска дива, одлучила да не лета повеќе со авион поради штетата што ја нанесуваат на околината, додека таткото на Грета, во меѓувреме, станал веган.
Тој додаде дека Грета е многу посреќна откако станала активистка, но истакнал дека е загрижен поради омразата со која сега се соочува.
„Сè што правам, правам за моето дете, а не за климата. За мене, таа е обично дете кое може да прави сè што можат другите. Таа постојано танцува, се смее и се забавува“, признал Сванте, додавајќи дека активизмот ја сменил неговата ќерка и ѝ донел многу радост.
Тој рече дека е особено загрижен за лажните вести и сè што луѓето се обидуваат да измислат за неа, како и омразата што тоа ја повлекува со себе.
Тој се надева дека во иднина околностите ќе бидат помалку интензивни за неговото семејство и дека Грета ќе се врати на училиште. Таа наскоро ќе наполни 17 години, па тој повеќе нема да мора да ја придружува на патувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

