Свет
Тајландската полиција заплени дрога во вредност од 29 милиони долари

Тајландската полиција заплени дрога вредна 29 милиони долари и уапси 11 шверцери во серија акции минатата недела. Во осум одделни случаи на Тајланд запленети се 1,7 милион таблети метамфетамин, повеќе од 700 килограми кристален метамфетамин и околу 1,4 тони марихуана, соопшти тамошната полиција.
Меѓу уапсените двајца се Малезијци, а еден од танзаниска националност. Другите осомничени се со тајландска националност. Шверцерите на дрога во Тајланд може да добијат и смртна казна. Тајландскиот судски систем, сепак, предвидува поблаги санкции ако осомничениот се изјасни за виновен.
Оваа земја од Југоисточна Азија во 2009 година погуби една личност во случај поврзан со дрога.
Таблетите метамфетамин се многу популарна дрога на Тајланд и во Југоисточна Азија. Тајландската полиција соопшти дека во 2017 година биле запленети двапати повеќе метамфетамински таблети во споредба со претходната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Турција би можела да го поддржи влезот на Финска во НАТО, рече Ердоган

Ердоган рече дека Турција може да го прифати членството на Финска во НАТО, пренесува АФП.
За потсетување, Турција ја блокира Шведска по демонстрациите пред турската амбасада претходно овој месец. Во исто време Финска најави дека е можно да се почне да се размислува за влез во НАТО без Шведска.
Свет
Трамп: Бајден не’ доведе до работ на третата светска војна

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го прозва својот наследник Џо Бајден за неговата политика кон војната во Украина. Трамп порача дека тој би преговарал со Русите и дека мировниот договор ќе биде потпишан во рок од 24 часа.
„Џо Бајден преку слабост и неспособност нè доведе до работ на третата светска војна. Добро ме слушнавте, ние сме на работ на третата светска војна. Кога повторно ќе бидам претседател, ќе го вратам мирот“, рече Трамп.
Инаку, тој ја започна предизборната кампања откако претходно ја објави кандидатурата за враќање во Белата куќа.
На Трамп неодамна му беше дозволено да се врати на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, од кои беше избркан поради инвазијата на неговите приврзаници во Капитол пред две години. Тој веќе можеше да се врати на својот омилен Твитер, бидејќи мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.
Свет
Украинците тврдат дека Русите погодиле болница, се споделуваат вознемирувачки сцени

Според локалните власти, три лица загинале, а пет се повредени по руското гранатирање на Херсон.
Регионалната воена управа на Херсон на својот канал Телеграм објави дека цел на руските сили биле болница, училиште, автобуска станица, пошта, банка и станбени згради.
Се наведува дека има тројца загинати и пет повредени.
Меѓу повредените е и медицинска сестра која работела во регионалната болница, изјави Јури Соболевски, заменик-шеф на Регионалниот совет на Херсон.
На социјалните мрежи се шират страшни слики наводно направени во болница. Една од тие слики покажува уништена соба на пациентот со крвави траги на креветот и многу крв на подот.
И Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, објави дека Русите ја нападнале болницата во Херсон и сподели слики на социјалните мрежи.
Russia continues shelling Kherson. This time it attacked a hospital. There are dead and wounded, their number is being verified.
Terrorist state continues attacking civilians . pic.twitter.com/sGta6oPqDj
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 29, 2023