Европа
Тензии меѓу Кина и Унгарија поради улиците во Будимпешта

Опозицискиот градоначалник на Будимпешта, Гергеj Карачоњ, најави дека ќе ги преименува улиците во главниот град на Унгарија, во близина на планираниот кампус на кинескиот универзитет, во знак на сеќавање за наводните повреди на човековите права од страна на Пекинг, што кинеското Министерство за надворешни работи го оцени како однесување достојно за презир.
Според најавите, една улица во Будимпешта ќе го носи името на прогонетиот Далај Лама, духовниот водач на Тибет, кого Пекинг го означува како опасен сепаратист, објави „Ројтерс“.
Втората ќе се вика „Улица на ујгурските маченици“ по муслиманската етничка група за која Вашингтон и другите престолнини тврдат дека била жртва на кинескиот геноцид, а третата ќе биде наречена „Улица на слободен Хонгконг“.
Четвртата улица ќе биде преименувана во кинески католички бискуп кој е во затвор.
Кина негира дека ги загрозува човековите права.
„Неколку унгарски политичари намерно се обидуваат да покренат прашања поврзани со Кина со цел да привлечат внимание и да ја нарушат кинеско-унгарската соработка. Ова однесување е достојно за презир”, рече Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Преименуваните улици ќе бидат лоцирани во областа каде што се наоѓа кинескиот универзитет Фудан, кој планира да отвори кампус и да понуди магистерски програми за либерални уметности, медицина, бизнис и инженерство за 6.000 студенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лавров по посетата на Африка: Русија останува посветена на извозот на храна во сиромашните земји

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров по посетата на Еритреја потврди дека Москва останува посветена на извозот на храна во сиромашните африкански земји, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
„Лавров ја потврди цврстата посветеност на Русија во исполнувањето на обврските во однос на испораката на клучните прехранбени производи за африканските земји, вклучително и пакетите помош од договорите потпишани со посредство на ОН“ – се наведува во соопштението на министерството, пренесува ТАСС.
Европа
Путин: Русија е категорично против заборавање на нацистичките злосторства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, изјави дека Русија категорично се противи на заборавањето на нацистичките злосторства и спроведува политика која гарантира злосторствата како Холокаустот да не се повторат.
„Русија е категорично против заборавање на злосторствата од овој тип, кои немаат застареност“, рече Путин, а пренесува РИА Новости.
Тој нагласи дека Москва води таква политика која гарантира дека никогаш повеќе нема да се случи ништо слично во историјата на човештвото.
Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот се одбележува утре, на денот кога советските војници го ослободија нацистичкиот камп Аушвиц, каде беа убиени 1,1 милион луѓе, соопшти агенцијата.
Европа
Европската комисија ги тужи Бугарија и Словачка

Европската комисија објави дека одлучила да ги тужи Бугарија и Словачка за нетранспонирање на Директивата на ЕУ за обновлива енергија во националното законодавство.
Во соопштението се наведува дека Комисијата ја тужела и Унгарија поради ограничување на извозот на градежни материјали.
Комисијата ја тужеше Ирска за нетранспонирање на Рамковната директива за води во националното законодавство, пренесе „Танјуг“.