Свет
Трамп: Бајден и Камала Харис ја водат Америка во трета светска војна
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп, оцени дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, особено кандидатката на демократите Камала Харис, ја води Америка кон трета светска војна.
„Кој преговара за нас на Блискиот Исток? Бомбите паѓаат насекаде. Заспаниот Џо (Бајден) спие на плажа во Калифорнија, прогонет од демократите, а неговиот пријател Камала (Харис) оди на турнеја со автобус со Тампон Тим (потпретседател кандидатот Тим Волц), нејзиниот навистина лош избор за потпретседател. Да не ја имаме трета светска војна бидејќи до таму одиме“, напиша Трамп на мрежата „Икс“.
Изјавите на Трамп доаѓаат во време на ескалација на Блискиот Исток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес во Кина
Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди кинескиот регион Јужен Синџијанг, во близина на границата со Киргистан, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил утрово во 7:44 часот на длабочина од 10 километри.
Во моментов нема информации за потенцијални штети или жртви.
Свет
Белгискиот премиер: Русија нема да изгуби војна, тоа е илузија
Белгискиот премиер Барт де Вевер предизвика остри реакции со изјавата дека Русија нема да го загуби војната во Украина, нарекувајќи го таквиот исход „бајка и илузија“, пренесе РБК-Украјина врз основа на неговото интервју за „Ла Либре“.
Тој изјави дека замрзнатиот руски имот на крајот ќе мора да ѝ биде вратена на Москва и дека секој обид за конфискација е кражба.
Де Вевер нагласил дека Белгија е под огромен притисок околу прашањето за одземање руски средства, но дека тоа би било чекор без преседан.
Тој додал дека дури и поразот на Русија би бил непосакуван поради ризикот од нестабилност во нуклеарна сила.
Премиерот тврди дека Кремљ упатил директни закани до Брисел со најава за „вечна одмазда“ доколку Белгија дозволи ЕУ да ја конфискува руската имот.
Регион
Полицаец избоден во Сплит, приведен 18-годишник со психички проблеми
Полицаец е тешко повреден синоќа во Сплит, во период во којшто не бил на должност. Како што соопшти полицијата во Хрватска, нападот се случил околу 22:45 часот, а полицаецот, кој бил во цивилна облека, бил повреден од остар предмет. Околу 23:15 часот, тој бил пренесен во КБЦ Сплит, каде што му била укажана лекарска помош, пренесе „Индекс“.
Имено, тој претрпел повеќекратни убодни рани и тешки повреди на неколку органски системи, а извршена е и обемна медицинска помош. Неговиот живот е во опасност.
Како што неофицијално дознава Индекс, 18-годишен млад човек со сериозни ментални проблеми моментално е под полициски надзор. Една од теориите што ги имаат истражителите е дека тој го избрал полицаецот како жртва сосема случајно.
Полицијата испрати порака за поддршка до повредениот колега и неговото семејство.
„Се надеваме дека нашиот колега, со помош на докторите, ќе се опорави, мислиме на него, стоиме покрај него и неговото семејство во овие тешки моменти“, рекоа тие.
На местото на нападот е спроведена истрага.

