Свет
Трамп вети дека деновиве ќе каже што знае за сајбер нападите

Избраниот американски претседател Доналд Трампи вети во неделата дека следнава седмица ќе каже што нему му е познато во врска со кибернетичките напади врз САД за кои неговиот претходник Барак Обама ја обвинува Русија поради што нареди протерување на нејзините дипломати и низа санкции.
„Знам многу за хакерите. Упадите се работа која е многу тешко да се открие, така што тоа би можело да биде кој и да е“, изјавил за новинарите Доналд Трамп во врска со кибернетичкиот скандал за кој е обвинета Москва, пренесува порталот Hill.
Трамп во текот на оваа седмица ќе се сретне со претставниците на американската разузнавачка заедница, кои ќе му ги претстават информациите врз основа на кои тие ја обвинија Русија за обидите за упади во компјутерските системи на политички институции на САД.
Пред три седмици соработниците на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрлија заклучоците на CIA за наводните руски хакерски напади, истакнувајќи дека аналитичарите кои ги донеле „се истите оние кои зборуваа дека (поранешниот ирачки претседател) Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување“.
Минатиот четвртокот американскиот претседател на заминување Барак Обама нареди воведување санкции против девет институции, компании и поединци од Русија, вклучително и двете главни разузнавачки агенции, и протерување на 35 дипломати поради „мешање во изборниот систем“ и „притисок врз американските дипломати“ во Русија. Беа затворени и два станбени комплекса за средби и одмор, во Њујорк и Мериленд, кои се руска дипломатска сопственост.
Обама го обвинува Кремљ дека со хакерски упади во серверите на Демократската партија и истекување на доверливата преписка на нејзините челници му помогнале на Трамп и на другите републиканци на изборите од 8-ми ноември 2016 година.
Рускиот претседател Владимир Путин одговори дека Москва нема да ги протерува американските дипломати како одговор на мерките на Вашингтон. Притоа истакна дека според меѓународната практика Русија ги има сите основи и права за соодветен одговор и го здржува правото за преземање адекватни мерки, но нема да се спушта на нивото на „кујнска“ дипломатија.
Путин го оцени потегот на Обама како непријателски чин и „провокација насочена кон натамошно поткопување на руско-американските односи“ кои последните две години се на ниво на Студената војна, а неговиот наследни Трамп најави дека ќе ги подобрува./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.