Свет
Трамп ветува нови безбедносни мерки по одлуката на жалбениот суд
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот вети дека веќе следната седмица ќе донесе нови мерки за заштита на националната безбедност, ден откако апелациониот суд одби повторно да ја активира неговата извршна уредба за привремено запирање на влезот во САД за државјаните на седум доминантно муслимански земји и повторно изрази увереност дека на крајот судовите ќе го потврдат неговиот указ
„Ќе сториме сé што е неопходно да ја сочуваме безбедноста на нашата земја. Ќе сториме нешто многу наскоро, во однос на дополнителната безбедност за нашата земја, ќе го водите тоа во одреден момент следната седмица“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференцијата во Вашингтон со јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Дода дека неговата администрација ќе ја продолжи правната битка. „Немам никакви дилеми дека на крајот ќе го добиеме тој спор“, рече Трамп но не одговори директно на прашањето на дали го воведен нова забрана.
Извори од Reuters oд Белата куќа не исклучиле дека ќе биде преработен указот на Трамп по неговото суспендирање минатиот петок од страна на федералниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт и од апелациониот суд во Сан Франциско во четвртокот.
На 27-ми јануари претседателот Доналд Трамп го потпиша извршниот указ 13769 „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, и им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија. Исто така, значително е намалена квотата за прифаќање на барателите на азил во САД во фискалната 2017 година, која таму започнува во октомври 2016 година, на не повеќе од 50.000, од претходно планираните 110.000.
Сојузниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт на 3-ти февруари го блокираше овој указ на Трамп со што тој не важеше на целата територија на САД. Потоа на 5-ти февруари, Окружниот апелационен суд во Сиетл одби, на барање на американското министерство за правосудство, да донесе итна мерка со којашто ќе биде суспендирана одлуката на федералниот судија Робарт, а којашто се однесува на целата територија на САД за привремено поништување на привремениот извршен указ на претседателот Трамп. Овој апелациониот суд го установил рокот за министерството за правосудство за одговор на тужителот кој истекува за приговорот на тужениот. Тој требало да биде даден до понеделник.
Потоа на 9-ти февруари Сојузниот апелационен суд на САД во Сан Франциско едногласно го поддржа суспендирањето на извршниот указ на претседателот Доналд Трап за привремена забрана за влегувањето на американска територија на државјани од седум мнозински муслимански земји, иако во неговата уредба не се споменува зборот ислам.
Набрзо по објавувањето на пресудата претседателот Доналд Трамп на својот Twitter профил порача „Ќе се видиме на суд, безбедноста на нашата нација е во прашање!“.На новинарите пред канцеларијата на неговиот портпарол, Трамп им најави дека на крајот ќе го добие случајот,а пресудата на жалбениот суд ја оцени како „политичка одлука“.
Администрацијата на новиот американски претседател на оваа одлука на Сојузниот апелационен суд може да се жали од 10-ти февруари и да побара целиот Апелационен суд на САД за деветтиот округ, кој има 29 активни судии и е надлежен за државите и териториите на западот од Соединетите држави, да ја преиспита одлуката или, пак, директно да вложи жалба до Врховниот суд, кој најверојатно и ќе го одреди крајниот исход од судскиот спор. пред американскиот Врховен суд.
Пресудата на апелациониот суд, која следеше по рочиштето во вторникот не го решава правниот спор, тукусамо се однесува на прашањето дали указот на Трамп треба да биде суспендиран во текот на траењето на судската постапка против забраната за влегување во САД кои ги поднесоа сојузните држави Вашингтон и Минесота.
Американскиот Врховен суд, откако лани почина еден од неговите девет судии во моментов е идеолошки поделен на по четири судии либерали и четворица конзервативци., додека се чека потврдата на Сенатот, каде републиканците имаат мнозинство за предлогот на Трамп за избор на 49-годишниот конзервативен кандидат Нил Горсач.
На администрацијата во моментов ѝ е потребно да гласаат пет од осумте судии во полза на повторното стапување на сила на указот на претседателот, додека продолжува постапката на двете сојузни држави. Тоа значи дека Белата куќа треба да придобие на своја страна барем еден од либералните судии./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маск предлага криминалците да ги следат роботи наместо да одат во затвор
Елон Маск повторно ја изненади јавноста со идеја осудениците да не одат во затвор, туку да бидат следени од роботот Оптимус како похуман начин“да се спречат нови злосторства. На состанок на акционерите на Тесла, тој предложи секој криминалец да добие робот кој ќе го следи и ќе го спречува да прави криминал.
Идејата отвори бројни недоразјаснети прашања: како би функционирале роботите во спречување на криминал, кој би го финансирал системот и кои се етичките ризици од заменување на затворите со роботска контрола.
Иако изјавата може да звучи како импровизација, аналитичарите потсетуваат дека Маск има огромно влијание и дека неговите зборови се значајни. Порталот „Електрек“ додава дека акционерите на Тесла всушност го зголемиле неговото богатство и моќ на сопствена штета.
Регион
Масакр во Србија: четиричлено семејство цел на убиецот – починаа таткото и синот
Таткото М.Л. (69) и неговиот син М.Л. (44) биле убиени во семејната куќа во селото Завидинци кај Бабушница денес околу 16 часот. Полицијата ги пронашла нивните тела, но и две повредени лица – мајката С.Л. и братот на убиениот син М.Л. Жената била ранета во главата и токму таа го пријавила случајот во полиција.
Како што дознава „Блиц“, тие биле убиени во дворот на семејната куќа.
При јавувањето во полиција, таа навела дека смртоносните повреди ги нанел извесен С.М.
Полицијата го затекнала осомничениот С.М., кој веднаш бил задржан од страна на полицијата.
Сè уште не е познато кој е извршителот, но полицијата се сомнева на неколку лица и врши проверки.
Жителите на Завидинци велат дека не знаат што точно се случило, бидејќи злосторството се одвивало на периферијата на селото.
„Тоа се фини луѓе, татко, мајка и двајца синови. Едниот од нив има сериозни здравствени проблеми поради кои никогаш не излегува од куќата. Последен пат го видов пред околу петнаесет години. Чувме дека некој од нивното семејство е убиен, но сè уште не знаеме точно што се случило. Во селото кружат разни верзии: според една, напаѓач е синот, а според друга – во нив пукал сосед. Во секој случај, многу сме уплашени затоа што не знаеме дали напаѓачот е на слобода. Ја повикав полицијата во Пирот, никој не ми се јави, а сакав да дознаам дали сме безбедни и што се случува. Пријатели и роднини постојано нè бараат затоа што се загрижени, а ние не знаеме што да кажеме, бидејќи ни самите не знаеме што точно се случило“, наведе жителка на Завидинци за локалните медиуми.
Свет
„Телеграф“: Авионот што вечерва се урна кај Суботица паднал на истото место пред три години
Авионот од типот „Пајпер“ (Piper), кој вечерва околу 17 часот се урна кај аеродромот „Биково“ во Суботица, не паднал за првпат – истото летало, регистрирано како YU-DPV, имало несреќа и пред три години, под речиси исти околности, дознава ексклузивно „Телеграф“.
Вечерва, во леталото беа двајца членови на екипажот. Едно лице загина на лице место, додека другото во тешка состојба е пренесено во болница. Падот се случил за време на приодот кон аеродромот Биково, а причината сè уште не е позната. Полицијата, пожарникарите и Итната помош се на терен и увидот е во тек.
Претходната несреќа се случила на 24 септември 2022 година, исто така кај аеродромот Биково. Тогаш авионот ја изгубил силата на моторот за време на школски лет, па екипажот се обидел со присилно слетување. Авионот бил тешко оштетен, но пилотот и пилот-патникот поминале без потешки повреди.
Тогаш биле утврдени сериозни оштетувања: деформирана шасија за слетување, оштетен труп, елиса и крилја. Деталите од вечерешната несреќа допрва треба да бидат утврдени, а се очекува анализа што ќе покаже дали постои каква било поврзаност со претходната историја на летелото.

