Контакт

Свет

Трамп во страв: Сакаат да ме убијат

Објавено пред

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека Министерството за правда (ДП) сакало да го убие и дека претседателот Џозеф Бајден бил подготвен „да го отстрани и да го доведе во опасност неговото семејство“.

dobivaj vesti na viber

Трамп ова го соопшти и на социјалните мрежи и преку е-пошта. Во е-поштата Трамп изјави дека „копнеат да го направат незамисливото“.

„Џо Бајден беше подготвен да ме ликвидира и да го доведе моето семејство во опасност“, напиша Трамп. Во објава на својата социјална мрежа „Вистина“ поранешниот американски претседател го обвини Министерството за правда дека има намера да употреби „смртоносна сила“ против него.

„Корумпираното Министерство за правда на Џо Бајден во својот незаконски и неуставен напад врз Мар-а-Лаго го овласти ФБИ да употреби смртоносна сила“, рече тој.

„Гардијан“ вели дека ова се однесува на налогот за претрес извршен во август 2022 година кога агенти на ФБИ во цивилна облека упаднаа во имотот на Трамп во Мар-а-Лаго во потрага по доверливи документи, што тој наводно одбил да ѝ ги предаде на владата. Во судското поднесување на правниот тим на Трамп, поднесено во мај, се вели дека налогот за претрес содржи „политичка изјава во врска со употребата на смртоносна сила“, во која се наведува дека „службениците за спроведување на законот на Министерството за правда може да употребат смртоносна сила кога е потребно“, пренесува медиумот.

Во соопштението ФБИ ја опишува употребата на тие зборови како „стандардна изјава за политика што ја ограничува употребата на смртоносна сила и дека никој не наредил да се преземат дополнителни чекори и дека нема отстапување од нормата во ова прашање“, стои во написите.

Свет

Лидерите на Г7 ветија дека ќе продолжат да обезбедуваат воена и финансиска помош за Украина

Објавено пред

Лидерите на земјите од Г7 ветија дека ќе продолжат со воена, финансиска и хуманитарна помош за Украина, се наведува во завршната изјава од самитот на седумте најразвиени земји во Италија, што беше објавена денеска.

dobivaj vesti na viber

„Ја потврдуваме нашата континуирана поддршка за Украина, онолку долго колку што е потребно“, пишува на веб-страницата на италијанското претседателство на Г7.

Г7 го поздрави одржувањето на мировната конференција за Украина во Швајцарија од 15 до 16 јуни и вети дека ќе работи на обезбедување максимална меѓународна поддршка за таканаречената „мировна формула“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Погодена зграда во Русија: влезот целосно се урна, извлекуваа луѓе од урнатините

Објавено пред

Влезот во станбена зграда во рускиот град Шебекин се урна при напад на украинските вооружени сили, објави на Телеграм гувернерот на регионот Белгород, Вјачеслав Гладков. Според првичните информации најмалку пет лица се повредени.

dobivaj vesti na viber

Три лица се пренесени во болница, а две одбиле хоспитализација и на лице место им била укажана лекарска помош. Вработени во руското Министерство за вонредни ситуации пристигнале на местото на настанот и спроведуваат акција за пребарување и спасување.

Тие со помош на камион со скала евакуирале најмалку четири лица од петтиот кат, додека уште две лица се извлечени од под урнатините. Центрите за привремено сместување се подготвени да ги примат луѓето чии станови се уништени, пишува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова објави дека во Шебекин отишле и членови на нејзиниот кабинет, заедно со омбудсманот на регионот Белгород.

„Уште едно злосторство на Вооружените сили на Украина против руските цивили се случи во Шебекин, регионот Белгород. Како резултат на ракетен напад од Украина, станбена зграда беше уништена и луѓе беа убиени. Група вработени од мојата канцеларија отидоа на местото за пружање помош на настраданите“, истакна таа.

Иако Москалкова споменува загинати, официјалните информации на руските власти не велат дека некој загинал.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Израел користи средновековно оружје за да го напаѓа Либан

Објавено пред

Израелските војници користат средновековно оружје за да фрлаат огнени топки преку границата во Либан, додека прекуграничните судири меѓу Израел и проиранскиот Хезболах се интензивираат.

dobivaj vesti na viber

Требушот, опсадно оружје слично на катапулт, ретко се користи од 16 век, јавува американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен, а израелската армија соопшти дека тоа е локална иницијатива која не прерасна во широка употреба.

Израелскиот јавен сервис Кан известува дека таквото оружје најверојатно ќе се користи за палење грмушки за да им се помогне на израелските сили да ги „идентификуваат екстремистите“ кои се обидуваат да стигнат до границата.

Оваа недела на социјалните мрежи беше објавено видео од „оружјето во акција“. Си-Ен-Ен не можеше да процени кога е снимено, но беше геолокациран на израелско-либанската граница.

И додека имаше извештаи за употреба на катапулти од страна на украинските демонстранти за време на протестите во 2014 година и од сириските бунтовници една година претходно, оружјето е остаток од минато воено време.

Си-Ен-Ен известува, повикувајќи се на податоци од енциклопедија Британика, дека последната забележана употреба на требушети била од шпанскиот конквистадор Хернан Кортес против Ацтеките во Мексико во 1521 година.

Требушетите и катапултите се користат сè помалку од пронаоѓањето на барут.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра...

Македонија9 часа

Условно осудени седум лица за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија12 часа

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ12 часа

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија12 часа

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа13 часа

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет13 часа

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион13 часа

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион1 ден

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија1 ден

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија1 ден

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија1 ден

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија1 ден

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија2 дена

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија2 дена

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија2 дена

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет2 дена

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет2 дена

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет2 дена

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ2 дена

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...