Свет
Трамп ги критикуваше „силно политизираните“ судови во САД
Американските судови се силно исполитизирани, но тие мора да постапуваат исправно, изјава во средата претседателот Доналд Трамп ден откако апелациониот суд почна да го разгледува неговиот извршен указ за привремена забрана за влез на американска територија на државјани од седум мнозински муслимански земји, со што ја зајакна својата критика врз американскиот правосуден систем.
Тричлениот судиски одбор на апелациониот суд во Сан Франциско во вторникот почна да ги разгледува аргументите за и против привремената блокада на извршната уредба на претседателот Доналд Трамп, која ја донесе судијата на федералниот суд во Сиетл, Џон Робарт, а која важи на целата територија на САД. Се очекува дека судот својата одлука ќе ја донесе подоцна во средата.
„Не сакам да го нарекувам судот пристрасен. Па нема да ги наречам пристрасни. И засега немаме никаква пресуда. Но судовите, се чини, многу се политизирани. А би било добро за нашиот правосуден систем доколку тие би можеле да ја прочитаат изјавата и да го сторат тоа што треба“, изјави Трамп во Вашингтон на собирот со стотиците полициски началници и шерифи на големите американски градови.
На 27-ми јануари претседателот Доналд Трмап го потпиша извршниот указ 13769 „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, и им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија.
Апелациониот суд мора да одлучи дали Трамп дејствувал во согласност со своите овластувања или неговиот чин претставува дискриминација на муслиманите, иако во неговиот указ никаде не се споменуваат зборовите муслиман или ислам, како што предочи претставникот на министерството за правда кое заедно со министерството за внатрешна безбедност ја поднесоа жалбата против одлуката на судијата Робарт. Жалбениот суд ќе проценува дали неговата забрана е насочена на луѓето поради нивната религија, додека жалителите тврдат дека се мерки за подетална проверка и одбрана од можно влегување во САД на лица кои претставуваат терористичка закана.
Трамп пред полициските функционери потсети дека „доколку претседателот смета дека влегувањето во нашата земја на некои странци или одредени категории странци им наштетува на интересите на американскиот народ“, тогаш тој има право „да определи период во кој прифаќањето на лица од други земји ќе биде запрено“. Трамп истакна дека тие овластувања ѝ се дадени на Белата куќа за да ја осигури безбедноста на земјата.
„Доколку тие судии сакаат, според моето мислење, да му помогнат на судот по прашањето на почитувањето на судот, ќе го сторат она што е потребно“, додаде американскиот претседател. Претходно во средата на својот Twitter профил напиша: „Доколку САД не го добијат овој случај, што очигледно би требало, никогаш нема да имаме безбедност и заштита којашто ја заслужуваме. Политика!“. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

