Свет
Трамп го предупреди Иран да не продолжува со напади врз Американците во Ирак

Американскиот претседател, Доналд Трамп, рече дека ракетите што ја погодија американската амбасада во Багдад оваа недела доаѓаат од Иран и дека има шпекулации за нови напади врз Американците во Ирак, пренесува „Њујорк пост“.
Трамп објави на „Твитер“ фотографии од три ракети, кои очигледно не успеале да бидат лансирани, пишувајќи: „Погодете од каде се: ИРАН“.
„Сега слушаме шпекулации за дополнителни напади против Американци во Ирак … Неколку пријателски совети до Иран: Ако макар и еден Американец биде убиен, јас ќе го сметам Иран за одговорен. Размислете добро“, напиша Трамп.
Our embassy in Baghdad got hit Sunday by several rockets. Three rockets failed to launch. Guess where they were from: IRAN. Now we hear chatter of additional attacks against Americans in Iraq… pic.twitter.com/0OCL6IFp5M
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 23, 2020
Амбасадата во Багдад беше нападната со осум ракети „катјуша“ во неделата предизвикувајќи штети на зградите во силно утврдената зелена зона во градот, соопштија официјалните лица.
Државниот секретар, Мајк Помпео, за нападот, во кој рече дека се ранети ирачки цивили, ги обвини милициите поддржани од Иран.
„Народот на Ирак заслужува да им биде судено на овие напаѓачи. Овие насилни и корумпирани криминалци мора да престанат со своите дестабилизирачки активности“, порача Помпео.
Iran-backed militias once again flagrantly and recklessly attacked in Baghdad, wounding Iraqi civilians. The people of Iraq deserve to have these attackers prosecuted. These violent and corrupt criminals must cease their destabilizing actions.
— Secretary Pompeo (@SecPompeo) December 21, 2020
Според ирачката војска, повеќето ракети погодиле станбен комплекс и безбедносен пункт во рамките на зоната во која се сместени владини згради и странски мисии, а за нападот рекоа дека е одговорна одметничка група.
Американската амбасада претходно го осуди демонстрирањето сила.
„Амбасадата на САД потврди дека ракетите насочени кон меѓународната зона резултираа во ангажман на одбранбените системи на Амбасадата. Имаше мала штета во комплексот на Амбасадата, но немаше повредени или жртви“, се вели во соопштението објавено во неделата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сојузниците и’ нудат помош за Полска во зајакнувањето на својата противвоздушна одбрана

Полска доби понуди од своите европски сојузници за зајакнување на својата противвоздушна одбрана, изјави премиерот, Доналд Туск.
Тој рече дека штотуку разговарал со лидерите на Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија, Холандија, Украина и НАТО.
„Во денешните разговори добив не само изрази на солидарност со Полска, туку пред сè предлози за конкретна помош за одбрана на нашиот воздушен простор“, рече Туск.
Свет
Британските медиуми јавуваат за средба меѓу Хари и Чарлс по повеќе од една година, принцот влезе во кралската резиденција

Принцот Хари беше виден како влегува во кралската резиденција Кларенс Хаус, среде шпекулациите за средба со неговиот татко, кралот Чарлс.
Нема потврда од Бакингемската палата или од претставниците на војводата од Сасекс, но кралот беше виден и како влегува во Кларенс Хаус порано.
Се верува дека кралот отпатувал во Лондон од Шкотска во среда попладне, а принцот Хари беше во Велика Британија за добротворни настани оваа недела.
Немало средба лице в лице меѓу татко и син од февруари 2024 година, а принцот Хари во интервју за Би-Би-Си во мај 2025 година рече: „Би сакал помирување со моето семејство“.
Последниот пат кога таткото и синот се сретнаа беше кратко откако на кралот му беше дијагностициран рак минатата година, кога принцот Хари отпатува во Велика Британија на кратка средба.
Принцот Хари оттогаш ја посети Велика Британија, вклучително и за судски случаи, но не го видел својот татко.
Тој се врати во Велика Британија во понеделник и одржа серија добротворни настани во Лондон и Нотингем – и покрај прашањата дали ќе се сретне со својот татко.
Во четврток, тој ќе ја напушти Велика Британија и ќе се врати во САД за да ги види Меган и нивните деца, кои не дојдоа на ова патување, пишува Би-Би-Си.
Свет
Mерц: Русија ги загрози човечките животи во земја-членка на НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го осуди нарушувањето на полскиот воздушен простор со борбени беспилотни летала и ја осуди Русија за провокации.
„Русија се закани со човечки животи во земја која е членка на Европската Унија и НАТО“, објави Фридрих Мерц.
Канцеларот изјави дека денешната „неодговорна акција“ е уште една во долгата низа провокации во балтичкиот регион и источното крило на НАТО.
„Германија остро ја осудува оваа агресивна руска акција“, се вели во соопштението за медиумите.
Мерц верува дека е добро што Полска и партнерите од НАТО брзо ја забележаа, реагираа и ја отстранија опасноста.
„НАТО е и останува подготвен да се брани“, заклучи Мерц.
Пред тоа, германскиот министер за одбрана Борис Писториус објасни во Бундестагот дека нема причина да се верува дека станува збор за грешка во управувањето со беспилотните летала.