Свет
Трамп треба да плати два милиона долари за злоупотреба на средства
Aмериканскиот претседател, Доналд Трамп, мора да плати два милиона американски долари за тужба според која злоупотребил средства од својата добротворна фондација за да поттикне политички и деловни интереси, пресуди суд во Њујорк.
Судијката Салиен Скарпула исто така го потпиша договорот за затворање на Фондацијата „Трамп“ и распределба на преостанатите средства од речиси 1,7 милион долари на други непрофитни групи.
Главната обвинителка на Њујорк, Летиша Џејмс, минатата година поднесе тужбтаа против Трамп и неговото семејство тврдејќи дека тие нелегално ја воделе Фондацијата како продолжување на неговиот бизнис и претседателската кампања.
Џејмс бараше Трамп да врати околу 2,8 милиона долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

