Свет
Трамп: Имам намера да се сретнам со Ким Џонг-ун, тој е паметен човек

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера повторно да се поврзе со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
„Да, сакам“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“ на прашањето дали ќе се сретне со севернокорејскиот лидер, со кој се сретна трипати за време на неговиот прв претседателски мандат.
Трамп, кој ја презеде функцијата во понеделникот, го нарече севернокорејскиот лидер е паметен човек.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун претхоно им се заблагодарил на војниците распоредени да се борат за Русија во војната против Украина и ги охрабрил во текст што се чини дека е негова новогодишна порака до војниците, се вели во извештајот на „Вашингтон пост“.
„Вашингтон пост“ објави извештај за рачно напишани пораки испратени од Ким Џонг-ун на 31 декември и на 1 јануари, во кој се сугерира дека пораките можеби биле испратени до војниците што се борат на страната на Русија од Пјонгјанг, објави јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Поранешен извршен директор на Гугл: Терористите би можеле да користат вештачка интелигенција

Поранешниот извршен директор на Гугл, Ерик Шмит, изјави дека е загрижен дека вештачката интелигенција би можела да биде искористена од терористи или непријателски држави за да им наштетат на невини луѓе.
„Вистинските стравови што ги имам не се оние за кои повеќето луѓе зборуваат со вештачката интелигенција, јас зборувам за екстремен ризик“, изјави Шмит за Би-Би-Си.
Технолошкиот милијардер, кој беше на високи позиции во Гугл од 2001 до 2017 година, рече дека „Северна Кореја, или Иран, па дури и Русија“ би можеле да ја усвојат и злоупотребат технологијата за создавање биолошко оружје.
Со оглед на тоа дека развојот на вештачката интелигенција е воден од приватни компании, Шмидт повика владите да внимателно ги следат и регулираат тие процеси.
„Навистина е важно владите да разберат што правиме и да не држат под надзор“, рече тој.
Свет
(Видео) Снимен моментот на експлозијата во трговскиот центар во Тајван

Најмалку пет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во централниот тајвански град Таичунг, соопшти пожарникарската служба.
🚨 Breaking News from Taichung: A suspected gas explosion at Shin Kong Mitsukoshi department store leaves 7 injured and 5 dead. Rescue efforts underway as authorities secure the area. Stay safe, everyone! 🙏 #Taichung #SafetyFirst pic.twitter.com/FivnRGfjdi
— TVBS World Taiwan (@tvbsworldtaiwan) February 13, 2025
Експлозијата се случила на 12 кат од зградата каде што се одвивале градежните работи, соопштија пожарникарите. Ресторанот на 12-ти кат во тоа време бил затворен поради градежни работи, се додава. Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те преку објава на Фејсбук повика на брза истрага за причините за експлозијата.
Регион
Хрватскиот инспекторат повлекува лак за нокти произведен во Полска

Државниот инспекторат во Хрватска ги советува потрошувачите да престанат да го користат лакот за нокти „Babe Rich“, пренесуваат хрватските медиуми.
Лакот произведен во Полска, според Инспекторатот, претставува хемиски ризик бидејќи содржи забранети материи.
Дистрибутер во Хрватска е Рич Компани д.о.о. во Загреб, а Инспекторатот забранил пуштање на производот во промет и наредил уништување на производот.