Свет
Трамп им забрани на американските компании трансакции со „Тик ток“ и „Вичет“
Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се забрануваат трансакциите помеѓу американските компании и кинеската матична компанија на апликацијата за социјални медиуми „Тик ток“, пренесува „Њујорк пост“.
Забраните ќе стапат во сила по 45 дена.
„Апликацијата може да се користи за кампањи за дезинформации во корист на Кинеската комунистичка партија и САД мора да преземат агресивни активности против сопствениците на ‘Тик ток’ за да ја заштитат нашата национална безбедност“, вели Трамп во наредбата.
Трамп претходно неделава вети дека ќе ја забрани популарната апликација за споделување видео ако технолошката компанија „Вајтденс“, со седиште во Пекинг, не успее да постигне договор со „Мајкрософт“ или друга американска компанија до 15 септември.
Наредбата стапува во сила на 20 септември и секоја американска компанија што ќе ја прекрши може да се соочи со санкции.
Трамп издаде и друга наредба со иста временска рамка со која се забранува соработката на американски компании со уште една апликација за социјални медиуми во кинеска сопственост, „Вичет“.
Извршните наредби следуваа откако администрацијата на Трамп неделава соопшти дека ги зајакнала напорите за елиминирање на недоверливите кинески апликации од амриканските дигитални мрежи и ги нарече „Тик ток“ и „Вичет“ сериозни закани.
Во наредбите стои дека тие апликации собираат информации за корисникот вклучувајќи ги податоците за неговата локација, како и историјата на пребарувањето.
„Тоа потенцијално би можело да ѝ овозможи на Кина да го следи движењето на федералните агенти и американските претприемачи да создаде досиеја со нивните лични податоци за подоцна да ги уценуваат и да вршат индустриска шпионажа“, се наведува во декретот.
Трамп воедно ги обвини тие кинески апликации за цензура на определени содржини иако не прецизира за какви содржини станува збор. Тој претходно соопшти дека единствениот начин тие апликации да не бидат забранети во САД е да ги купи некоја американска компанија, и тоа најдоцна до 15 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

