Свет
Трамп: Многу уапсени, одлично завршена работа
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја пофали примената на сила, која синоќа полицијата ја применила врз демонстрантите.
Трамп се огласи на „Твитер“, каде што изнесе податоци дека во Вашингтон синоќа немало проблеми.
D.C. had no problems last night. Many arrests. Great job done by all. Overwhelming force. Domination. Likewise, Minneapolis was great (thank you President Trump!).
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 2, 2020
„Има многу уапсени, но одлично сите си ја завршиле работата. Преголема сила. Доминација. Исто така, Минеаполис беше одличен (благодарам, претседателе Трамп)“, напиша тој.
Афроамериканецот Џорџ Флојд почина кога брутално го приведоа четворица полицајци во Минеаполис, што предизвика протести во САД, кои во повеќе делови прераснаа во насилни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

