Свет
Трамп не ја исклучи можноста да затвори повеќе кинески конзулати
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека може да затвори дополнителни кинески конзулати по затворањето на дипломатскиот објект во Хјустон, Тексас, оставајќи простор за понатамошна ескалација додека се зголемуваат тензиите меѓу двете нации, пренесува РТ.
Оваа изјава доаѓа по одлуката на Стејт департментот да му нареди на кинескиот конзулат во Хјустон да затвори во рок од 72 часа за да се заштитат американската интелектуална сопственост и Американците.
„Претпоставувам дека палеа документи и хартии“, рече Трамп осврнувајќи се на персоналот на кинескиот конзулат.
Пекинг го критикува овој потег како невидена ескалација обвинувајќи го Вашингтон за малтретирање на кинескиот дипломатски и конзуларен персонал во САД, истовремено ветувајќи дека ќе одговори со цврсти контрамерки ако одлуката не биде повлечена.
As a result of smears & hatred fanned up by the #US gov, the Chinese embassy has received #bomb & #DeathThreats.
— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) July 22, 2020
Претходно, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, изјави дека кинеската амбасада во Вашингтон добила закани со бомба и смрт како резултат на лагите и омразата што ги пропагира владата на САД. Таа ја осуди, како што рече, погрешната одлука за затворање на конзулатот во Хјустон, исто така предупредувајќи за одмазда од Пекинг.
По годините горчливи трговски спорови и реципроцитетните тарифи, односите меѓу Вашингтон и Пекинг дополнително се влошија во последните месеци, со тоа што САД почнаа со реторичка и политичка офанзива насочена кон наводни злоупотреби на правата во Хонг Конг и Сјинџијанг, како и кинеската реакција на пандемијата на коронавирусот.
Во тоа време администрацијата на Трамп воведе постојан прилив на санкции, агресивно законодавство и непријателски потези кон кинеските дипломати и медиуми, во некои случаи поттикнувајќи одмазда од Пекинг.
Американската армија, пак, продолжува да спроведува мисии за слобода на навигацијата во Јужното и Источното Кинеско Море распоредувајќи арсенал од поморски средства и воздушна моќ во дворот на Пекинг, потези осудени од Кина како кршење на нејзиниот суверенитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

