Свет
Трамп: Нови санкции за Иран, не ни треба нивната нафта
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Вашингтон ќе воведе нови санкции против Иран, наведувајќи дека воениот врв на САД и натаму разгледува начин на кој ќе одговори на синоќешниот ракетен напад на иранската Републиканска гарда.
Според него, Иран се повлекува и дека тоа е добра работа за светот. Нагласи дека во нападите нема повредени ниту американски ниту ирачки војници, само мала материјална штета на воените објекти.
Трамп ја обвини администрацијата на Барак Обама дека со своите чекори, му овозможила на Иран да го финансира развојот на овие ракети.
„Нашите сили се подготвени за сè“, порача Трамп и додаде дека додека тој е претседател, на Иран никогаш нема да му биде дозволено да направи нуклеарно оружје.
„Иран е водечки спонзор на тероризмот и развива нуклеарно оружје кое претставува закана за слободниот свет. Согласно моите наредби, американските вооружени сили го елиминираа терористот, генерал Касим Сулејмани, кој е одговорен за смрт на илјада војници“, рекол Трамп.
Американскиот претседател нагласил дека Сулејмани планирал нови напади и дека тие го спречиле во намерата.
Трамп нагласи дека САД се првите производители на нафта и природен гас во светот.
„Независни сме и не ни треба нафта од Блискиот исток“ истакна Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

