Свет
Трамп повеќе не е на листата на 400 најбогати Американци
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп веќе не е доволно богат за списанието „Форбс“ да го стави на листата на 400 најбогати Американци.
Во моментов се проценува дека Трамп вреди 2,5 милијарди долари, што го става 400 милиони долари под лимитот за оваа година, објави бизнис-списанието.
Минатата година Трамп беше рангиран на 339 -то место на листата, но од „Форбс“ изјавија дека тој оваа година не влезе меѓу првите 400, бидејќи неговото богатство се намали за 600 милиони долари од почетокот на пандемијата. Според „Форбс“, технолошките акции, криптовалутите и другите средства „процветале“ за време на ерата на пандемијата.
„Но, недвижностите во големите градови, кои го сочинуваат најголемиот дел од богатството на Трамп, не процветаа, исфрлајќи го поранешниот претседател од најексклузивниот национален клуб“, пишува списанието.
Трамп беше на листата секоја година од 1996 година. Од 1997 до 2016 година, годината кога беше избран, се најде во горната половина на листата. Неговиот пад, сепак, започна во 2016 година, и оттогаш Трамп продолжи да паѓа на ранг-листата, пред сегашната состојба кога е исфрлен од листата.
Според проценките, Трамп беше на врвот на своето богатство во 2015 година, кога „Форбс“ го процени неговото богатство на 4,5 милијарди долари. Следната година богатството вредеше 3,7 милијарди долари, а од 2017 до 2019 година, 3,1 милијарди долари.
Трамп во неколку наврати рече дека да биде претседател го чинеше милијарди долари. За време на неговиот мандат, Трамп го предаде управувањето на својот корпоративен конгломерат на своите синови, но компаниите останаа во негова сопственост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

