Свет
Трамп прогласи вонредна состојба
Претседателот Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата Мексико, во обид да обезбеди повеќе пари за ѕидот кој планира да се изгради. Тој објави темна слика на границата како „главна влезна точка за криминалците, членовите на банди и дрогаи” и која им се заканува на „основните национални безбедносни интереси”.
,,Сите знаат дека ѕидовите функционираат”, изјави американскиот претседател кој го спомена и зборот „инвазија“ како причина за изградба на ѕидот.
Трамп нагласи дека е свесен оти му следува правна битка. ,,За среќа, ќе победиме”, рече тој укажувајќи дека има доверба во конзервативните судии во Врховниот суд.
,,Илегалната декларација што почнува од непостоечка криза е жесток удар врз нашиот Устав и ја прави Америка помалку безбедна”, напишаа претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и шефот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер.
Државите Њујорк и Калифорнија веднаш најавија судска постапка за да ја поништат одлуката на Трамп.Одборот за прави прашања во Претставничкиот дом во кој контрола имаат демократите најави отворање парламентарна истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан: Унгарија ќе ги зголеми трошоците за одбрана доколку војната во Украина продолжи
Унгарија ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана и следната година доколку војната во Украина продолжи до 2025 година, со што ќе се намали износот на расположливите средства за други трошоци, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан изјави за државното радио дека доколку војната во Украина се пролонгира до 2025 година, нивоата на средства за одбрана на Унгарија за 2023 и 2024 година нема да бидат доволни и ќе мора да се зголемат, пренесува агенцијата МТИ. Орбан изјави дека е загрижен за иднината на Европа и дека унгарската влада нема да дозволи Унгарија да биде принудена да влезе во војна по трет пат, откако учествуваше во Првата и Втората светска војна.
Премиерот на Унгарија смета дека е потребно европско безбедносно решение во кое ќе биде вклучена Русија и дека американската воена индустрија најмногу профитирала од војната во Украина, откако САД испратија најголема воена помош во Киев.
„Нашето историско искуство со војната е дека можете само да изгубите. Колку сте поблиску до воената зона, толку е поголема цената што ја плаќате“, рече Орбан.
Унгарија значително ги зголеми одбранбените распределби минатата година на 2,43 отсто од БДП, што е над два отсто на кои се обврзаа членките на НАТО, наведува МТИ.
Европа
Шефот на британската дипломатија: Украина има право да го користи нашето оружје во Русија
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска вети три милијарди фунти (3,74 милијарди долари) годишна воена помош за Украина „колку што е потребно“ и додаде дека Лондон нема ништо против оружјето да се користи во Русија.
„Ќе даваме три милијарди фунти секоја година онолку колку што е потребно. Штотуку навистина исцрпивме се што можеме во однос на давање опрема“, изјави тој за Ројтерс во интервју за време на посетата на Киев, додавајќи дека пакетот помош е најголемиот од ОК до сега.
„Дел од таа (опрема) пристигнува во Украина денеска, додека јас сум тука“, рече тој.
Камерон рече дека Украина има право да користи оружје доставено од Лондон за да нападне цели во Русија и дека тоа зависи од Киев.
„Украина го има тоа право. Исто како што Русија напаѓа внатре во Украина, сосема е разбирливо зошто Украина чувствува потреба да се осигура дека е способна да се одбрани“, изјави Камерон за Ројтерс.
Камерон, кој го предводеше Обединетото Кралство од 2010 до 2016 година како премиер и се врати на политичкиот фронт пред само неколку месеци, се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулебa и претседателот Володимир Зеленски во неговата втора посета на Киев како министер за надворешни работи.
Свет
(Видео) Над 30 лица загинаа во поплавите во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
Повеќе од 30 лица загинаа во поплавите во јужен Бразил, 60 лица се водат како исчезнати, додека околу 15.000 жители се евакуирани.
Хидроелектрична брана во бразилската држава Рио Гранде до Сул се урна поради поплавите предизвикани од обилните дождови неколку дена, а најмалку 500.000 луѓе останаа без струја и чиста вода, јавува Би-би-си.
Во акцијата за пребарување и спасување беа вклучени и хеликоптери, а во некои населби жителите се качија на покривите на нивните поплавени домови.
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го посети поплавениот регион и вети помош од Владата на Бразил.
Гувернерот на државата Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите побара итна помош за луѓето во поплавените подрачја, а владата на таа држава прогласи вонредна состојба.
Метеоролозите најавија дека врнежите ќе продолжат во тој регион.
Повеќе од 30 луѓе загинаа минатата година во циклон во Рио Гранде до Сул.