Свет
Трамп се огласи: Не стојам зад нападот врз Конгресот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во своето последно обраќање до нацијата преку „Фокс њуз“ рече дека тој не стои зад нападот врз Конгресот минатата недела, а истовремено ги повика Американците да ги смират страстите во време кога Претставничкиот дом зборува за негово отповикување.
„По информациите за нови демонстрации, ве молам, не вршете никакво насилство, какво било кршење на законот или вандализам од каков било вид. Ова е нешто за што никогаш не сум се залагал, а не се залагала ниту Америка. Ги повикувам сите Американци да помогнат во смирување на страстите и тензиите. Благодарам“, рече Трамп, како што објави „Индипендент“.
Тој исто така ги повика големите технолошки компании, како „Фејсбук“ и „Твитер“, да помогнат во мирната транзиција на власта следната недела.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес разговара за отповикување на Трамп. Членовите на долниот дом го обвинија Трамп за поттикнување бунт пред упадот на дел од неговите приврзаници во комплексот Капитол Хил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Децата во Сибир го јакнат имунитет полевајќи се со ледена вода

Децата во државната градинка во Краснојарск во Сибир ја соблекуваат долната облека, а потоа одат надвор во снегот, каде што се полеваат со ледена вода … Можеби звучи сурово, но ова е дел од нивната едукативна програма за која се верува дека ги одржува здрави и запира бројни инфекции.
„Малите ’моржови’ први се загреаваат во сауна, а потоа следува традиционалното туширање со ладна вода“, рече портпаролот на одделот за образование во Краснојарск, како што објави „Дејли мејл“.
Оксана Каботко (45), воспитувачка и тренер по пливање, рече дека го избегнуваат овој вид „образование“ во случаи кога е многу студено, односно ако температурата падне на минус 25 Целзиусови степени.
Таа посочува дека тие мора да имаат одобрение од родителите за студен туш, но исто така додава дека повеќето мајки и татковци апсолутно се согласуваат со политиката на градинките. Пред да ги пуштат на снег и да истурат вода врз нив, децата учат како правилно да дишат во тој момент.
„Децата кои практикуваат ладен туш се поразумни, урамнотежени и оптимистички расположени. Тие се подобро организирани. За да го направите ова секое утро, потребна ви е голема волја. Не принудуваме никого“, рече Каботко.
Нејзина колешка вели дека лекарот исто така потврдува дека децата кои применуваат ледено туширање многу полесно ја поминуваат сезоната на грип.
Свет
Фаучи: Веќе не мора да му противречам на Трамп, се чувствувам слободно

Водечкиoт американски имунолог Ентони Фаучи, советник на американскиот претседател за пандемии, им изјавил на новинарите дека се чувствува полесно по заминувањето на Доналд Трамп од Белата куќа.
Од почетокот на пандемијата Фаучи имаше многу активна комуникација со новинарите, но во последните месеци се држеше на дистанца.
„Отсекогаш сум зборувал сè што знам и затоа понекогаш имав проблеми“, рече тој.
Објасни дека му било тешко да слуша изјави што немаат научна основа. Тој исто така призна дека бил многу вознемирен кога Трамп во март се залагал за употреба на хидроксихлорокин во третманот на коронавирус, лек против маларија за кој се покажало дека нема ефект против Ковид-19.
„Не беше воопшто лесно да му се спротивставиш на претседателот“, рече Фаучи, додавајќи: „И не изгледаше дека тоа може да мине без последици“.
„Самото сознание дека денеска можам да дојдам овде, да го кажам тоа што го знам, да презентирам докази и да зборувам врз основа на наука е ослободувачко чувство“, заклучи имунологот.
Свет
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија спречила два напада од Хутите

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти денеска дека спречила два напада од Хутите, објави Саудиската државна телевизија на „Твитер“. Коалицијата уништила брод полн со експлозиви во јужното Црвено Море и беспилотно летало со експлозив наменето за Саудиска Арабија.
Коалицијата на арапски држави предводена од Саудиска Арабија влезе во судирот меѓу владата на Јемен и Хутите, вооружените политички опозициски сили, на страната на властите на земјата во 2015 година откако Хутите остварија значителен напредок на почетокот на судирите.
Оттогаш коалицијата спроведуваше воздушни, копнени и поморски операции против милитантите кои ја контролираат Сана и големи области во северен и западен Јемен.
Во последниве неколку месеци, границата меѓу Саудиска Арабија и Јемен, која е опфатена со граѓанска војна од 2014 година, беше жариште на повеќе напади со ракети, беспилотни летала и експлозиви пријавени од Ријад како провокации на Хутите.
Последниот инцидент, во кој беше пресретнат дрон насочен кон Ријад, се случи на 4 декември.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот