Свет
Трамп: Се покажа дека моите ставови за вирусот се точни

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, бара Кина да плати десет милијарди долари поради нејзината улога во пандемијата на коронавирусот.
Тој го повика главниот американски имунолог Ентони Фаучи (80), точно да објасни колку информации знаел за работите што се спроведуваат во Институтот за вирологија во Вухан.
Во својата изјава, Трамп го исмеја својот научен советник за пандемијата, тврдејќи дека спасил стотици илјади животи, спротивставувајќи се на упатствата на Фаучи во речиси секоја сфера, од затворањето на границите, до развојот на вакцините и носењето маски.
„Сега сите, дури и таканаречените ‘непријатели’, ќе почнат да зборуваат дека претседателот Трамп бил во право за кинескиот вирус, дека потекнува од лабораторија“, додава тој.
„Кореспонденцијата меѓу Фаучи и Кина прегласно зборува сама за себе и некој не може да ја игнорира. Кина треба да плати 10 милијарди долари на Америка и на светот за смртта и уништувањето што ги предизвика“, посочи тој.
Републиканците тврдат дека електронските пораки докажуваат оти Фаучи знаел дека во лабораторијата во Вухан се вршат експерименти со генетски модифициран коронавирус.
Според нив, пораките исто така покажуваат дека тој бил предупреден за можноста вирусот „да избега“ од лабораторијата, иако во јавноста посотојано инсистираше на тоа дека пандемијата настанала природно, со пренесување на вирусот од животно на човек.
Докторката Ли-Менг Јанг, која меѓу првите зборуваше за теоријата дека вирусот потекнува од лабораторија, по објавувањето на електронските пораки на Фаучи, рече дека Ковид-19 е неограничено био-оружје и дека кинеската влада и одредени странски организации, како и некои научници прикриваат сè.
Ли-Менг Јанг обвини и дека Фаучи знаел за кинеското истражување дури и пред пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров доби уникатен подарок од Италија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од Италија доби подарок ретко издание на „Божествената комедија“ на Данте Алигиери, изјави Мауро Мурџи, шеф на канцеларијата на Министерството за надворешни работи на Јужна Осетија во Италија.
Според него, пред околу два месеци, тој испорачал тритомно издание на италијанскиот класик, објавено во 360 примероци, до руската амбасада во Рим. Вакво издание имало во библиотеките на папата Бенедикт Шеснаесетти и италијанскиот претседател Карло Чампи.
Книгите се направени од памучна хартија, илустрациите се рачно изработени. Секој примерок е уникатен и различен од другите. Книгите биле испратени во Москва кај Лавров, кој одговорил со длабока благодарност и најдобри желби.
„ Лавров направи многу за развојот на односите на Русија со Италија, како и со Јужна Осетија“, рече Мурџи.
Свет
(Видео) САД го собори кинескиот шпионски балон

Американската војска го собори кинескиот шпионски балон кој леташе над Атлантскиот Океан, пренесува „Фокс њуз“.
Овој балон леташе над територијата на САД неколку дена.
Претходно денеска американскиот претседател Џо Бајден рече дека Вашингтон ќе се погрижи за кинескиот шпионски балон.
Пентагон во четвртокот соопшти дека американската војска открила кинески балон за набљудување на голема височина над континенталниот дел на САД. Висок воен претставник рече дека американската влада размислувала да го собори балонот, но одлучила да не употреби воена сила поради потенцијалните ризици.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека балонот бил цивилен и се користи за метеоролошки и други научни цели и дека непланирано отстапил од предвидениот курс.
Свет
Бајден: Ќе се погрижиме за кинескиот шпионски балон

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека Вашингтон ќе се погрижи за наводниот кинески шпионски балон што бил забележан како лета над САД.
Бајден ја даде оваа изјава како одговор на прашањето дали САД ќе соборат „сомнителен кинески балон за надзор“ што беше забележан како лета над државата Монтана.
Пентагон во четвртокот соопшти дека американската војска открила кинески балон за набљудување на голема височина над континенталниот дел на САД. Висок воен претставник рече дека американската влада размислувала да го собори балонот, но одлучила да не употреби воена сила поради потенцијалните ризици.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека балонот бил цивилен и се користи за метеоролошки и други научни цели и дека непланирано отстапил од предвидениот курс. Балонот вчера бил виден над Канзас Сити, Мисури, а утрово бил забележан над Северна Каролина, според метеоролошката агенција AccuWeather.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја откажа претходно планираната посета на Кина поради откривањето на кинескиот балон. Пентагон вчера објави дека е забележан уште еден кинески балон над Латинска Америка, без да прецизира каде точно, наведува британската агенција.