Свет
Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски
Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа сите да носат маски, нагласувајќи дека со нив личел на осамен ренџер.
Тој исто така рече дека маските не треба да станат задолжителни за да го спречат ширењето на Ковид-19.
На прашањето кога ќе стави маска, тој одговори: „Ако се најдам во тесна ситуација со луѓе, ќе ставам апсолутно“. Тој додаде дека луѓето го виделе како носел маска.
Тој повторно предвиде дека инфекцијата ќе исчезне, додека САД ги погоди нов рекорд на 52.000 случаи на коронавирус во еден ден.
САД сега имаат речиси 2,7 милиони потврдени случаи и над 128.000 починати, според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, кој ја следи пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

