Свет
Трамп со критики кон „Фокс њуз“: Неблагодарни се, заборавија кој им помогна
Претседателот Доналд Трамп ја критикува телевизијата „Фокс њуз“ обвинувајќи ја дека е неблагодарна.
„Бев во ’Ер форс уан’, летав кон големата држава Тексас, каде што само што слетав. Беше прекрасно да се гледа ‘Фокс њуз’“, напиша тој на „Твитер“. „Во споредба пред неколку години. Дури и негледливо. Тие целосно заборавија кој им помогна да бидат таму каде што се денес!“
Трамп е чест гостин во утринското шоу Fox & Friends и може да се потпре на конзервативната мрежа во вечерните емисии за да ги промовира своите идеи, но не учествува во дневна програма, која има тенденција да биде поумерена.
Тој го објави својот твит за „Фокс њуз“ по слетувањето во Тексас, каде што ќе собира пари од републиканците за претседателските избори во ноември.
Трамп постојано ги критикува анкетите објавени од „Фокс“, според кои е зад демократскиот кандидат Џо Бајден со кого ќе се натпреварува за нов мандат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

