Контакт

Вести

Трамп тврди дека Мексико ќе ги врати парите за градењето на ѕидот

Објавено пред

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во петокот ги критикуваше медиумските написи за тоа дека американските даночни обврзници ќе го платат градењето на ѕидот на границата со Мексико, истакнувајќи дека заборавиле да пренесат дека Мексико ќе ги врат парите со коишто САД ќе го започнат тој проект.

„Неискрените медиуми не известуваат за тоа дека парите потрошени на градењето на Големиот ѕид, поради брзината, Мексико подоцна ќе и врати“, порача новиот американски претседател Доналд Трамп преку својот омилен начин на комуникација преку мигроблогот на социјалната мрежа Twitter.

Ва агенциските извештаи од петокот, пак, се истакнува дека по оваа изјава на Трамп мексиканскиот пезос паднал за 0,22 отсто. Оваа валута оваа седмица веќе падна на рекордното ниско ниво откако новиот американски претседател ги критикуваше американските компании кои своето производство го носат во Мексико наместо во САД и го користат бесцаринскиот договор за да ги враќаат производите од американската страна на границата. Последната вредност на мексиканската во однос на американската валута изнесуваше 21,35 пезоси.

Трамп, исто така, напиша дека со иницијалното американско финансирање на градењето на ѕидот ќе се започне порано, а оти Мексико подоцна ќе им ги врати парите на САД. Портпаролката на неговата претседателска кампања, Келиан Конвеј изјави дека Трамп нема да се откаже од своето предизборно ветување дела Мексико ќе го плати ѕидот.

„Од наша перспектива ништо не е изменето. Конгресот разгледува различни опции за финансирање на ѕидот. Јасно е дека го почитуваме федерализмот, а доколку Конгресот бара различни начини за финансирање на овој проект, кој е најголем приорите на претседателот Трамп, така и нека биде“, заклучува Конвеј во изјавата за телевизиската мрежа CBS News./крај/мф/сн

Најново

Македонија4 минути

Шасивари – Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработка

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул,...

Свет19 минути

Мерц огорчен од посетата на Шредер кај Путин: Крајно неморално

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е „длабоко огорчен“ од посетата на поранешниот канцелар Герхард Шредер на домот на Владимир Путин, каде...

Спорт31 минута

Мурињо го осуди таргетирањето на Мбапе: Го имате Сити, го имате Роналдо, но секогаш „удирате“ по Реал

Реал Мадрид утре ќе го пречека Виљареал, во осмата рунда, во Ла Лига. Во пресрет на натпреварот, Жозе Мурињо одржа...

Спорт46 минути

Ферстапен на пол-позицијата пред спринтот во Сингапур

Макс Ферстепен ја освои пол-позицијата за утрешната спринт трка, во пресрет на Големата награда на Сингапур. Четирикратниот светски првак, до...

Македонија47 минути

ЛДП: Владата ги крие неверојатните хонорари како за Стевановска за „Скопје 2014“, ЈО разбудете се

Владата се чини ја користи истата добро позната финансова шема од проектот „Скопје 2014“ за 35-годишнината од независноста. Како што...

Свет53 минути

Кос ја предупреди Турција: „Ова не е начинот за пристапување кон Европската Унија“

Потиснувањето на опозицијата, медиумите и ЛГБТ заедницата во Турција ја оддалечува Анкара од нејзините европски амбиции, изјави комесарката за проширување...

Македонија1 час

Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин....

Македонија1 час

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март“, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети основното училиште „7 Март“, каде што одблиску го проследи напредокот на градежните...

Македонија2 часа

Сулејмани: Преспанскиот Регион ќе стане симбол на новата соработка меѓу Северна Македонија, Грција и Албанија – потпишанa заедничкa изјава за патот кон УНЕСКО

Со потпишување на заедничката изјава, министрите за култура на Северна Македонија, Грција и на Албанија на денешната трилатерална средба во...