Контакт

Свет

Трамп: Одлука за кандидатура по изборите за Конгресот во 2022 година

Објавено пред

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе донесе одлука за своето повторно кандидирање за Белата куќа по изборите за Конгресот во ноември в година.

dobivaj vesti na viber

„Ројтерс“ пренесува дека Трамп за „Фокс њуз“ изјавил дека во моментот е посветен на помагање на колегите републиканци во нивниот обид да ја повратат контролата врз Претставничкиот дом на САД и Сенатот на изборите во 2022 година и оти верува дека има многу добри шанси за тоа.

Трамп потенцира дека ќе донесе одлука за новата кандидатура за Белата куќа по тие избори и дека истражувањето на јавното мислење покажува дека неговите приврзаници се подготвени да го поддржат доколку повторно влезе во трката за претседателски мандат.

Поранешниот американски претседател исто така рече дека ќе спроведе кампања на изборите во 2022 година за кандидати што го поддржуваат него, но и неговата политика, а против оние републиканци што ги смета за нелојални.

„Ројтерс“ наведува дека за време на интервјуто Трамп препорачал сите да се вакцинираат против коронавирусот, но неодамнешните анкети во САД покажуваат дека голем број републиканци и приврзаници на Трамп имаат резерва кон имунизацијата.

Свет

Прекинати медицинските активности што спасуваат животи во Газа, безбедносната состојба е влошена

Објавено пред

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради брзо влошената безбедносна ситуација, објави синоќа меѓународната хуманитарна организација на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

– Ескалирачките напади од страна на израелските сили создадоа неприфатливо ниво на ризик за нашиот персонал, принудувајќи нè да ги прекинеме медицинските активности што спасуваат животи, соопшти невладината организација, додавајќи дека израелските воздушни напади и напредните тенкови се на помалку од еден километар од нејзините здравствени установи.

Координатор за итни случаи на „Лекари без граници“ во Газа, Џејкоб Гренџер наведе дека организацијата нема избор освен да ги прекине активностите бидејќи нејзините клиники се опкружени со израелски сили“.

– Тоа е последното нешто што го сакавме, бидејќи потребите во градот Газа се огромни, а најранливите луѓе – новороденчиња во неонаталните одделенија, луѓе со сериозни повреди и болести опасни по живот не се во можност да се движат и се во голема опасност, додаде Гренџер.

На 16 септември, израелската војска почна голема офанзива врз градот Газа, со цел да го уништи  последниот голем бастион на Хамас.

Прикажи повеќе...

Свет

МРП вакцината не ја примајте во една доза, предупреди Трамп

Објавено пред

Бремени жени, не користете „таленол“ освен ако не е апсолутно потребно, не давајте „таленол“ на вашето мало дете туку-така без никаква причина, поделете ја МРП вакцината (против морбили, заразни заушки и рубеола, н.з.) на три посебни вакцини, на три одделни дози (не сите заедно во една вакцина), земете ја вакцината против овчи сипаници одделно, против хепатитис Б после 12 годишна возраст и најважно, примете ги вакцините во пет посебни посети на медицинскиот тим. Претседател Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Ова го напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Truth social. Предупредувањето е сериозно, и веројатно Трамо не би истрчал да го напише ако не е наполно убеден во тоа што го објави.

MРП вакцината е комбинација од три вакцини во една доза. Таа помага да се заштитите од мали сипаници, заушки и рубеола, три потенцијално сериозни вирусни заболувања. Здравствените работници препорачуваат две дози. Децата обично примаат една доза помеѓу 12 и 15 месеци, а друга помеѓу 4 и 6 години.

Трамп не вели да не се прима вакцината, туку само препорачува таа да се прими во три одделни дози, а не во еден микс од сите три вакцини. Зошто? Веројатно ќе следи објаснување од секретарот Кенеди бидејќи Трамп бргу ќе биде напднат од левичарските медиуми кои тој ги нарекува „fake news“’, па на нивните новинари дури не им дава збор на неговите прес конфереции, а сигурно ќе следи напад и од другите организации низ светот и пред се Европа на оваа тема.

Кај нас овие три вакцини се даваат во една доза.

Прикажи повеќе...

Европа

Унгарија го нападна Зеленски: „Го губи разумот“

Објавено пред

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во петокот изјави дека Володимир Зеленски „почнува да го губи разумот“ откако украинскиот претседател изјави дека извидувачките беспилотни летала што го нарушиле украинскиот воздушен простор веројатно ѝ припаѓаат на Унгарија.

dobivaj vesti na viber

„Претседателот Володимир Зеленски почнува да го губи разумот со своите антиунгарски чувства“, напиша Сијарто на Фејсбук. „Сега му се гледаат чудовишта“.

Зеленски во петокот изјави дека извидувачки беспилотни летала го нарушиле украинскиот воздушен простор, повикувајќи се на прелиминарен воен извештај дека леталото дошло од Унгарија за да го испита индустрискиот потенцијал на пограничните области.

Унгарија е членка на Европската Унија и НАТО, две организации што го поддржуваат Киев во неговата војна против Русија, но односите меѓу Киев и Будимпешта честопати биле напнати.

По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, голем број големи украински компании, особено оние на истокот и југот на земјата, се преселија во западна Украина и други побезбедни области.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е скептичен во врска со западната воена помош за Украина и, за разлика од другите членки на НАТО и Европската Унија, одржува блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет40 минути

Прекинати медицинските активности што спасуваат животи во Газа, безбедносната состојба е влошена

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради...

Европа11 часа

(Видео) Трагедија во Турција: туристка почина откако беше удрена од глисер додека пливаше покрај брегот на Кемер

Русинка загина на првиот ден од нејзиниот одмор од соништата во Турција, откако беше удрена од глисер. Линарија Музипова, 42,...

Свет11 часа

(Видео) „Ова е Америка на Трамп“: Агентите на Службата за имиграција уапсија барател на азил, ја фрлија мајката на подот пред децата

Видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува како агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) насилно се...

Свет12 часа

(Видео) Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

Маж со оружје беше снимен пред продавница „Волмарт“ во Флорида, еден од првите што ја искористи новата дозвола за носење...

Европа12 часа

Лукашенко: Путин има предлог за прекин на војната, Трамп го поддржува

Белорускиот претседател Александар Лукашенко по денешната средба со неговиот руски колега Владимир Путин изјави дека рускиот лидер ќе објави „многу...

Европа12 часа

(Видео) Германија забележа дронови на границата со Данска: „Истражуваме можна саботажа“

Министерството за внатрешни работи на северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн соопшти дека беспилотни летала биле забележани во текот на ноќта и...

Македонија12 часа

Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот...

Свет12 часа

Трамп: Мислам дека можеби имаме договор за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека верува оти е многу блиску до договор за...

Свет13 часа

Зеленски на таен состанок ги побарал од Трамп моќните проектили „Томахавк“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од Доналд Трамп ракети „Томахавк“, на состанок зад затворени врати, објави „Телеграф“. Зеленски му кажал...

Европа14 часа

Орбан: Нема да се поклониме пред барањата на Брисел – нашата енергетска безбедност и нашите семејства мора да бидат на прво место

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Унгарија не може да се обвини...

Свет14 часа

(Видео) Нетанјаху зборуваше на хебрејски во ОН, мавташе со карти, па ги нападна европските земји

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска остро ги осуди западните земји за признавањето на палестинската државност, обвинувајќи ги дека испраќаат порака...

Македонија17 часа

Мицкоски: Не ми паѓа на памет да размислувам за било какви уставни измени, без гаранции

Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме...

Македонија19 часа

Депонијата во Струга е една од најопасните, ако не се преземат мерки, ќе биде црна точка по бројот на заболени од канцер, велат од „Вреди“

Според „Вреди“, дивата депонија во Струга, отворена во 2006 година како „привремено решение“, денес е претворена во една од најопасните...

Македонија20 часа

За 29.539 се зголемил бројот на избирачи што се на привремена работа или престој во странство во споредба со изборите во 2021 година, заклучен Избирачкиот список

Државната изборна комисија го заклучи Избирачкиот список за претстојните локални избори. Право на глас имаат вкупно 1.832.415 избирачи. Има 7.551...

Македонија20 часа

По убиството на Росица, дисциплински постапки за 11 полициски службеници; МВР утврдило дека по дел од пријавите на жртвата не било постапено

Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални...

Македонија23 часа

Изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново

По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сѐ...

Македонија23 часа

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Општина Аеродром информира дека до МВР и Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради,...

Македонија24 часа

Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит...

Македонија24 часа

За два дена над 200 прегледани лица во Трубарево, уште 8 упатени на Пулмологија

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на жителите на Трубарево, со цел навремено откривање...

Македонија1 ден

Пешаците и возачите на велосипеди и тротинети од денес под нови правила: нема слушалки и телефони

Од денес стапуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Републичкиот совет за безбедност...