Свет
Трамп ќе потпише извршна уредба за реформа на полицијата
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска ќе потпише извршна уредба за реформа на полицијата, во моменти кога САД се зафатени со протести против расизам и полициско насилство.
„Крајната цел е да имаме закон и ред и сакаме тоа да се постигне чесно, праведно и сигурно“, изјави Трамп нагласувајќи дека во редот на силите на безбедност се повеќе одлични луѓе.
Конгресот исто така ја разгледува реформата на полицијата на државно ниво, иако поголем дел од реформите треба да спроведат сојузните држави и локални влади кои управуваат со свои сили за безбедност, пренесе „Ројтерс“.
Трамп минатата недела најави дека размислува за вклучување на поголем број социјални работници во работата на полицијата и поставување на национални полициски стандарди.
Протестите во САД траат од 25 мај, кога беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

