Свет
Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Трговски брод извести дека бил погоден со проектил и претрпел штета на 140 километри западно од јеменскиот пристаништен град Ал Худејда, соопштија Организацијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство и британската безбедносна фирма „Амбри“.
„Бродот претрпе одредена штета. Екипажот е безбеден и бродот продолжува кон следното пристаниште“, соопшти Организацијата за поморски трговски операции. ‘Амбри’ исто така извести дека бродот претрпел штета и нема повредени. Организацијата за поморски трговски операции соопшти дека друг брод, на 93 километри југозападно од Ал Худајда, пријавил дека проектили го надлетале бродот и експлодирале во далечина.
„Командантот пријави дека два проектила летале над бродот и слушнал два силни удара од далечина. Бродот не пријавил никаква штета и екипажот е безбеден. Бродот продолжува кон следното пристаниште“, се вели во соопштението.
Американската војска доцна синоќа соопшти дека Хутите истрелале две противбродски балистички ракети од Јемен кон Аденскиот Залив и два проектила кон Црвеното Море, но нема извештаи за повредени или оштетувања на бродови на САД или на коалицијата.
Централната команда на американската војска соопшти дека уништила девет противбродски проектили и две беспилотни летала во областите во Јемен контролирани од Хутите.
Хутите повеќепати лансираа беспилотни летала и проектили врз меѓународни комерцијални бродови во Аденскиот Залив од средината на ноември велејќи дека тие дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците против израелските воени дејства во Газа.
Нивните напади на Црвеното Море го нарушија глобалниот транспорт принудувајќи ги компаниите да прават подолги и поскапи патувања низ Јужна Африка. Како одговор, САД и Велика Британија почнаа напади врз цели на Хутите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.
Свет
Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели.
Во разговор со новинарите денес, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, се осврна на пораката од самиот Трамп во која се вели:
„Врз основа на фактот дека постои значителна веројатност преговорите да се случат или да не се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали да одам или не во следните две недели.“
Ливит додаде дека „кореспонденцијата со Иран продолжува“.
Свет
Шефот на СЗО го осуди нападот врз болницата: Ужасно

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) ги осуди нападите врз здравствените установи во услови на зголемени тензии меѓу Иран и Израел.
„Извештаите за напади врз здравствената заштита досега се ужасни“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус во објава на социјалните медиуми.
The escalation of hostilities between #Israel and #Iran is putting health facilities and access to health care at risk. The reports on the attacks on health so far are appalling.
This morning's attack on Soroka Medical Center in Israel — the only major hospital in the south –… pic.twitter.com/nNJsVQ2Jxf
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) June 19, 2025
Тој предупреди за утринскиот напад врз Медицинскиот центар Сорока во Израел, како и за извештаите за смртта на работник на иранската Црвена полумесечина во Техеран.
„Ги повикуваме сите страни да ги заштитат здравствените установи, здравствените работници и пациентите во секое време. Најдобриот лек е мирот“, напиша тој.